05 Мај, 2024
0.0304

ЛЕВИЦА: КОНЦЕПТОТ НА ЦАРОВСКА ПРОДОЛЖУВА ДА ГО РАЗОРУВА ОБРАЗОВАНИЕТО, кој би предавал вака концепирани предмети?

Објавено во: Македонија 19 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Политичката партија „Левица“ со реакција околу најавените измени на образовните програми. Укажуваат дека плановите се лоши за образовниот систем во земајва, но и дека нема да има кој да ги предава предметите на учениците.

Деновиве од страната на Бирото за развој на образованието се повлечени наставните програми по предметите Историја, Географија и Етика на религии, а дополнително се дознава и дека предметите Биологија, Хемија, Географија и Физика ќе бидат дел од еден предмет - Природни науки, пишува „Левица“ на својот Фејсбук профил.

- Се отвараат прашања кој би предавал вака концепирани предмети, на која катедра се обучени наставници кои ќе можат соодветно да пренесат знаења по наставен предмет кој во себе опфаќа низа различни образовно-научни области? Се наметнува прашањето дали крајната цел на овие активности е целосно и сосема да се разори образовниот систем во Македонија?!

Стручната и научна јавност уште со најавата на новата Концепција за образование од страна на тогашната министерка за образование, Мила Царовска, силно критикуваше поради контроверзноста на истата. Во јануари 2022 година, ресорот за образование го презеде Јетон Шаќири. Реакциите спласнаа, особено затоа што Шаќири има решено да се брани со молчење - пишува во објавата на Левица.

Од партијата велат дека, колку што Царовска огнено ја бранеше инстант- концепцијата за реформи во образованието, толку Шаќири ја премолчува.

- И покрај молчењето, евидентно е дека планира истата во целост да ја реализира, иако бројни прашања во врска со неа останаа отворени и неодговорени.

Така, на пример, во новата Концепција за основно образование се вели:

„Предметот Историја и општество опфаќа теми/содржини што припаѓаат на историјата, на делови од географијата, на граѓанското образование и на други општествено-хуманистички дисциплини и заедно со предметот Општество директно произлегува од подрачјето Општество и демократска култура од Националните стандарди“.

Стручни лица укажуваа дека станува збор за различни подрачја кои се неспојливи, се произнесе и Друштвото на историчари, Македонското географско друштво како и бројни експерти, но сите овие укажувања и реакции не допираат до Министерството за образование. Каде е сега Чешларов (директор на БРО во времето на донесување на Концепцијата) да објаснува дека Историја ќе се учи уште повеќе отколку досега?!

Левица останува на својот став дека Концепцијата за образование е штетна, погубна и креирана по теркот на туѓи интереси и ќе продолжиме активно да се залагаме за истата да не биде спроведена - се потенцира во нивната објава.



Можеби ќе ве интересира

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско