МАНТОВАНЕЛИ ОД СВЕТСКА БАНКА: Микро, малите и средните фирми ќе бидат јадрото на закрепнување на економијата
Објавено во: Економија 29 Април, 2020
За микро, малите и средните претпријатија веруваме дека ќе бидат јдрото на закрепнување на економијта, рече Марко Мантованели, директор на Канцеларијата на Светска банка во Скопје, која обезбеди 50 милиони евра за финансиска поддршка на македонските компании.
Тој го сподели ставот на Светска банка дека овие мерки можат да им помогнат на добростоечките приватни компании да ја поминат кризата и да задржат задоволително ниво на вработени.
„Поради здравствената криза, постои ризик многу компании кои претходно добро работе, да пропаднат. Затоа Владите во светот обезбедуваат поддршка. Таа треба да биде брза, транспарентна, и временски ограничена. Во соработка со Владата на Македонија ги дадовме нашите најдобри совети за тоа како да се заштити приватниот сектор и истовремено да се задржи вработеноста. Повеќе од препораките што ги имавме се усвоени од Владата и вметнати во Уредбата. Мерките ќе се користат со лесно применливи критериуми“, рече Мантованели.