Маж од пробиштипско вознемирувал малолетничка на социјалните мрежи
Објавено во: Македонија 25 Јули, 2023
Маж од пробиштипско вознемирувал малолетничка.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.К.(41) од пробиштипско. Полицијата го сомничи за сторено кривично дело „полово вознемирување“. Пријавениот испраќал пораки на малолетничка преку социјалната мрежа Инстаграм, при што ја вознемирувал.