Мила Царовска: 140 работници се вратени на работа
Објавено во: Економија 29 Април, 2020
Мила Царовска, вицепремиерката за економски прашања, на денешната прес-конференција, рече дека на работа се вратени 140 работници кои биле непрописно отпуштени за време на кризата која изби поради епидемијата на корона вирусот.
- Ова е тежок период и намалувањето на штетите ниту ќе биде лесно, ниту ќе биде брзо. 140 работници се вратиле на работа а биле неправедно отпуштени од работа минатиот период Затоа апелираме до компаниите да ги користат мерките, додека кол-центарот на Владата е постојано достапен, рече Царовска.
Ѓонул Бајрактар, министерот за труд и социјална политика, рече дека се олеснети критериумите за побрза достапност на минималната гарантирана помош од државата за социјално-ранливите групи.
Како што кажа министерот, се олеснуваат критериумите за доделување на социјална помош со тоа што се олеснети критериумите кога станува збор за сопственоста на моторно возило и земјиште, додека енергетскиот додаток ќе може да се добива до септември 2020.