01 Мај, 2024
0.0281

Министерот Николовски е на работно место, пожарите се под контрола

Објавено во: Македонија 13 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопштува дека активно презема мерки и со полн капацитет ги извршува обврските за справување со пожарите. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски е на своето работно место и e посветен на извршување на обврските во соработка со сите надлежни институции за справување со пожарите и превенција од појава на нови пожари, што е спротивно на тврдењата дека е на летен одмор.

Според последните информации од Центарот за управување со кризи, најголем дел од пожарите кои беа активни се изгаснати. Пред околу час и половина е локализиран и пожарот кај Крушево. Активни,  но ставени под контрола и без опасност за ширење се пожарите во близина на манастирот Трескавец и населените места Мажучиште, Мараморани и Горно Село, кај селата  Крушевица и Бонче, селото Никодин,  и пожарот на м.в.Фрлогоец (Женска планина) на Бистра Планина. 

Координативното тело за кризна состојба во која член е заменик-министерот за земјоделство Власте Димковиќ, секојдневно одржуваат состаноци, на кои се даваат насоки и наредби за справување со пожарите.

Согласно Законот за шуми, по барање на ЈП Македонски шуми на 11.07.2017 година, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, даде согласност за делумна забрана за движење во шумата или во одделни нејзини делови, во период од 15.07.2017 година до 15.08.2017 година.Одлуката се донесе пред да отпочне сезоната на шумските пожари, а откако се активираа поголем број пожари, министерот Николовски даде согласност за целосна забрана за движење во шумите или во одделни нејзини делови за периодот 05.08.2017 година до нејзино отповикување. Истовремено министерот Николовски им наложи на Државниот инспекторат за шумарство и ловство и Шумската полиција, да ги зајакнат контролите на терен. Како министерство, будно ја следиме состојбата со пожарите и работиме на превенција од појава на нови пожари. Владата на Република Македонија во иднина ќе спроведе крупни реформи во системот за справување со  кризи, велат од МЗШВ.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање