09 Мај, 2024
0.0270

Могерини за Владата: Гледаме нов почеток, оптимизам и силна посветеност

Објавено во: Македонија 18 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска на 13-oт состанок на Советот за стабилизација и асоцијација, на кој присуствуваа и еврокомесарката и потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини, и еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, го образложија владиниот план „3-6-9“. 

Тие  се заблагодариле на поддршката од меѓународните партнери за неговото создавање, напоменувајќи дека поддршка се очекува и во иднина.

Могерини изјави дека Македонија се соочила со длабока криза, но дека ЕУ постојано помагала во нејзиното решавање.

„Драго ни е што денеска гледаме нов почеток, оптимизам и силна посветеност, која ни овозможува да ја насочиме сета наша енергија кон реформите што се неопходни за граѓаните, но се потребни и за евроатлантските интеграции на земјата, но и на регионот“ – вели Могерини.

Хан рече дека на средбата се разговарало за приоритетите во спроведувањето на реформите, но и за тоа дека опозицијата мора да биде конструктивна. Тој вели дека Владата има големи задачи пред себе и разговарале како да ги постават приоритетите и да обезбедат одржливи реформи. 

„Ги поздравуваме и ги почитуваме сите напори да се работи со сите засегнати страни, вклучувајќи ја и опозицијата, но за тоа е потребна конструктивна опозиција. Важно е на сите да им се пристапи на инклузивен и конструктивен начин за да напредува ЕУ-агендата“ – изјави Хан.

Димитров кажа дека новата Влада мора да работи на исполнувањето на ветувањата кон граѓаните, односно формирање независни и функционални институции, кои ќе работат во интерес на граѓаните и на државата.

„Новата влада што се создаде по долга и тешка, морална, политичка и институционална криза е влада која има едно суштинско ветување кон граѓаните, а тоа е градење независни и функционални институции, кои ќе обезбедат со Република Македонија да владее правото, а не еден или група лидери. Во тој контекст, тоа нè прави близок партнер со Европската Унија, со Европската комисија и со земјите членки на ЕУ“– рече Димитров.

Вицепремиерот Османи порача дека планот „3-6-9“ ќе биде реализиран и дека постои внатрешен општествен консензус за планот. 

Можеби ќе ве интересира

„МАКЕДОНИЈА СВРТЕ ДЕСНО, И ТОА ОДЛУЧНО ДЕСНО, ПОСЕБНО ЗАСЛУЖЕН Е И ГРУБИ“ - Жанета Трајковска со став

„МАКЕДОНИЈА СВРТЕ ДЕСНО, И ТОА ОДЛУЧНО ДЕСНО, ПОСЕБНО ЗАСЛУЖЕН Е И ГРУБИ“ - Жанета Трајковска со став

Никола Димитров: Честито победа, но џабе ако продолжи партизацијата

Никола Димитров: Честито победа, но џабе ако продолжи партизацијата

АПАСИЕВ ИМ НАЈАВИ ПЕКОЛ ВО СОБРАНИЕТО: Секој наш пратеник вреди колку 10 нивни, имаме шест, се бориме за седмиот

АПАСИЕВ ИМ НАЈАВИ ПЕКОЛ ВО СОБРАНИЕТО: Секој наш пратеник вреди колку 10 нивни, имаме шест, се бориме за седмиот

БИТИЌИ ДАДЕ ОСТАВКА ОД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО МЕСТО НА СДСМ: Оставката не претставува политички чин на загубата на социјалдемократската идеја

БИТИЌИ ДАДЕ ОСТАВКА ОД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО МЕСТО НА СДСМ: Оставката не претставува политички чин на загубата на социјалдемократската идеја

ГРУБИ: „АЛИ АХМЕТИ НЕСКРШЛИВИОТ, ЗА ПРВ ПАТ СМЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА“

ГРУБИ: „АЛИ АХМЕТИ НЕСКРШЛИВИОТ, ЗА ПРВ ПАТ СМЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА“

Мицкоски: Народот си ја спаси државата, ДУИ оди со СДСМ во опозиција

Мицкоски: Народот си ја спаси државата, ДУИ оди со СДСМ во опозиција

ЈАНКУЛОВСКА СЛАВИ ПОБЕДА ВО ШТАБ: Објави приказна со сопартијците

ЈАНКУЛОВСКА СЛАВИ ПОБЕДА ВО ШТАБ: Објави приказна со сопартијците

ДИК направи проекција на мандати во Собранието по 84 отсто преброени гласови: ВМРО-ДПМНЕ со 59 пратеници?

ДИК направи проекција на мандати во Собранието по 84 отсто преброени гласови: ВМРО-ДПМНЕ со 59 пратеници?

„ПРЕМИЕРЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ВИ ЧЕСТИТАМ ОД СРЦЕ“: Ѓорѓиевски на Фејсбук со честитка за победата

„ПРЕМИЕРЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ВИ ЧЕСТИТАМ ОД СРЦЕ“: Ѓорѓиевски на Фејсбук со честитка за победата