02 Мај, 2024
0.0285

Одложена расправата за Законот за јазици - што со амандманите на ВМРО-ДПМНЕ?

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Спикерот Талат Џафери денеска на седница ја одложи точката за расправа по Законот за употреба на јазиците, затоа што вели дека не се исполнети технички услови за нејзино отворање поради големиот број на амандмани.

„Имајќи ја предвид формалната процедура за обработка на сите амандмани кои се 35.569 на број, тие не се довршени. И деловната обврска за превод не е исполнета“ – рече Џафери.

Тој и наложи на собраниската служба да информира кога ќе има услови да се расправа по ова точка.

На седницата немаше кворум за гласање по 45-те точки на дневниот ред, на кои се и составите на собраниски органи, тела, комисии, делегации, совети и комитети.

Седницата ќе продолжи утре во 12 часот.

Во Парламентот е доставен пакет од над 30.000 амандмани за Законот за јазици, со кој се унапредува употребата на албанскиот јазик во Македонија. Сите амандмани се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ,  Илија Димовски изјави дека со постапката на поднесување на бројни амандмани за Законот за употреба на јазиците се обидуваат да упатат порака до СДСМ и ДУИ да размислат и да го прифатат тоа што го бараат мнозинството граѓани и експерти.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање