fake panerai watches ОЈО: Жртвата кај Стенковец ја прегазил камион, но виновен е возач на автомобил „мерцедес“
02 Мај, 2024
0.0363

ОЈО: Жртвата кај Стенковец ја прегазил камион, но виновен е возач на автомобил „мерцедес“

Објавено во: Македонија 11 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека е уапсен 43-годишен тетовец за кого се води истражна постапка, откако избегал од местото на сообраќајната несреќа која се случи на 7 март во која животот го загуби едно лице, а други двајца беа повредени. Јавниот обвинител до судијата побарал притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека постои опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и вештаците или да го повтори делото.​

На 7 март на автопатот Северна обиколница на град Скопје загина едно лице, а двајца се повредени. Товарно возило удрило во Б.Џ. (31) од село Романовце, кумановско, Ш.Е. (34) и Р.Е. (30), двајцата од село Танушевци, скопско, кои биле до паркирано товарно возило „ман“ со кумановски регистарски ознаки, по што возачот не застанал и избегал.  На местото на несреќата починал Р.Е., а телесни повреди добиле Б.Џ. и Ш.Е.

Обвинителството тврди дека за прегазувањето на жртвата, не бил виновен паркираниот камион „ман“, што во случајов бил поправан од механичарот, туку уапсениот кој со својот патнички автомобил „мерцедес“ претходно удрил во товарното возило и го придвижил, по што избегал од местото на несреќата без да укаже помош.

„На 7 март, осомничениот управувал товарно возило „Мерцедес“, по средната сообраќајна лента од автопатот Мајка Тереза, во близина на клучката Стенковец, не се придржувал кон прописите, го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.

Тој не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот, густината во сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навреме да запре. Со предниот десен дел од возилото со кое управувал удрил во левиот страничен дел на товарно возило „МАН“ со кумановски регистарски ознаки кое било запрено на десната сообраќајна лента наменета за принудно запирање поради дефект.

По ударот, запреното возило се придвижило нанапред и удрило во телото на едно оштетено лице кое стоело меѓу кабината и товарниот сандак и изведувало механичарски работи над товарното возило „МАН“.

Од ударот оштетениот добил тешки телесни повреди и починал на лице место, а со телесни повреди се здобил и шоферот на запрениот камион и уште едно лице кое стоело во близина.

По несреќата, осомничениот веднаш го напуштил местото без да им укаже помош на повредените“, опишува Обвинителството.


Можеби ќе ве интересира

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка