02 Мај, 2024
0.0284

ПАНЧЕВСКИ СЕ ЖАЛИ ДЕКА Е ДИСКРИМИНИРАН: Уставен утре одлучува за негова заштита

Објавено во: Македонија 22 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд Владимир Панчевски ги бара своите права од Уставниот суд. Смета дека бил дискриминиран, во споредба со останатите претседатели на судови и носители на јавни функции. Поднел барање до судот во  кое вели дека со пресудите на Основниот суд во Велес и Апелационеиот суд во Скопје, му биле повредени слободите и правата на човекот и граѓанинот, а кои се однесуваат на забраната за дискриминација по основ на социјалната припадност, општествена положба на професионалниот статус, како и по основ на политичката припадност – политичко уверување, пишува Телма.

Предметот е ставен на дневен ред на утрешната седница на Уставниот суд а се бара признание дека судовите, основниот и апелациониот прекршиле два члена од Уставот и два члена од Европската конвенција за заштита на човековите права.

Велешкиот суд пред две години го осуди Панчевски на 3 и пол годишна затворска казна за злоупотреба на АКМИС системот, за распределба на судски предмети. Следната година Апелациониот суд во Скопје ја намали затворската казна на Панчевски на 2 и пол години. Во февруари годинава Врховниот суд ги укина ваквите пресуди поради грешка во постапката, откако Панчевски помина само две недели во затворот во Шуто Оризари.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање