ПИЕЛ, ПИЕЛ, ПА СЕ ОТРУЛ, ПОТОА СЕДНАЛ ДА ВОЗИ - еве колку промили му измериле на кумановец и која е казната
Објавено во: Македонија 24 Јули, 2023
Кумановец возел под дејство на алкохол и по извршеното алкотестирање, полицијата му измерила, 4,86 промили соопшти денеска СВР Куманово. Тој е само еден од вкупно 39 санкционирани возачи кои управувале возило под дејство на алкохол откриени и санкционирано во акциската контрола на подрачјето на секторот за внатрешни работи Куманово што беше спроведена викендов.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од кумановската полиција.