03 Мај, 2024
0.0260

Поради водена криза или увоз на отпад: Нејасно зошто бугарскиот министер даде оставка и е приведен

Објавено во: Балкан 11 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Оставката на министерот за животна средина и вода на соседна Бугарија Нено Димов беше депонирана во кабинетот на премиерот Бојко Борисов.

 Борисов ја прифатил оставката на министерот Димов, соопштила прес-службата на Советот на министри, пренесоа бугарските медиуми.

Зачера, Нено Димов беше приведен 24 часа по претресот на неговиот дом и канцеларија.

Првично, тој беше однесен само на сослушување од страна на обвинителство, но подоцна беше приведен.

Сè уште не е јасно кои се конкретните наводи за Димов - дали тие се поврзани со водната криза во Перник или аферата со италијанско ѓубре увезена во земјатва. Обвинителството се очекува да даде повеќе информации деновиве. 

Поради кризата со вода, завчера се одржаа акции на Обвинителството, МВР, САНС и Антикорупциската комисија во Перник. Беа извршени претреси во зградите на Регионалната администрација. Беа испрашани повеќе од 30 луѓе, пишуваат медиумите од соседството.

Државното обвинителство проверува зошто снабдувањето со вода на индустриските корисници во Перник не било запрено во многу претходна фаза, кога веќе било јасно дека нивото кај браната Студена е критично ниско. Од особен интерес за истражителите се распоредот што МООВ треба да го подготви за количини на вода и достапност на сите брани низ целата земја. Проверени се и околностите на измамата за отпадоци од Италија.

Нено Димов ја има функцијата министер за животна средина и вода повеќе од две и пол години, откако беше избран на 4.05.2017 година . Тој беше предложен на функцијата од коалицискиот партнер ГЕРБ - Обединети патриоти, потсетува Днес.бг.

Нено Димов е добро позната фигура во политиката, поранешен заменик министер, пратеник и претседател на Институтот за десничарска политика.


Фото: BSTV.bg

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД