02 Мај, 2024
0.0289

Протести во Бутел, Арсовска вели земјиштето е на државата

Објавено во: Македонија 11 Март, 2023

Добивај вести на Viber

По неколкудневните протести на жителите на општина Бутел, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вели дека не се откажува од изградбата на булеварот „Боца Иванова“. Овој проект, вели таа, се најавува речиси 20 години и дека е во нејзината програма за работа. Дел од патот се гледа како минува низ дворовите на некои од куќите лоцирани во близина. Но, Арсовска вели дека станува збор за делови кои биле државна сопственост, кои граѓаните ги узурпирале.

„Во дел од трасата каде што ќе се гради овој булевар има десетици семејства кои ги проширија дворовите на државното земјиште на кое е предвидено да се гради булеварот и на овој начин го узурпираа ова земјиште. Градот Скопје нема намера да ги гони граѓаните, но сакам да апелирам до жителите на општина Бутели, особено до оние кои излегоа да го изразат своето незадоволство, дека сакаме да градиме на државно земјиште. Не бидете жртва на политички игри“, изјави Данела Арсовска, градоначалник на општина Скопје.

Граѓаните велат дека нема да се откажат од дворовите бидејќи ги легализирале, а не ги узурпирале како што тврди Арсовска.

„Сите соседи ни се легализирани, имаме документи, наше е. Тогаш кога беше едно евро за квадрат, ние го купивме, го купија сите соседи“, рече жител на населбата Бутел 1.

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, се закани дека в понеделник на прес-конференција ќе објави скандал на Арсовска.

„Многу симтоматично зошто Арсовска инсистира да не ја промени трасата, а приватната фирма да ја изгради трасата која вети дека ќе ја ревидира пред изборите. Гледам и Арсовска се чуди како сум можел да бидам против нејзе, нека не се чуди воопшто, јас секогаш ќе бидам на страната на народот и моите сограѓани.

А за деталите, за политиканството на Арсовска и за тоа кој е со народот, а кој робува на приватните интереси, ќе соопштиме на прес конференција во понеделник, од местото и со луѓето на кои Арсовска им ветуваше се, а денес работи против“, најави Костовски.



Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање