02 Мај, 2024
0.0310

РАСТ НА БРОЈОТ НА НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД: Минатата недела повеќе инфекции за 0,9 отсто во споредба со неделата претходно

Објавено во: Македонија 22 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Во периодот од 14 до 20 март тестирани се вкупно 15.577 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 2,1 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани се 1.834 нови позитивни случаи од 32 градови во државата, со зголемување од 0,9 отсто во однос на минатата недела (n=1.818). Процентот на позитивност се движи од 6,6 отсто до 14,2 отсто, просечно 11,4 отсто, се наведува во неделниот извештај објавен на веб страницата на Институтот за јавно здравје.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.076; 58,7 отсто), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 198,2/100.000 и Скопје – 169,6/100.000.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=451; 24,6 отсто). Најмал број е регистриран кај возрасната група до девет години (n=62; 3,4 отсто) .

Во однос на претходната недела, се регистрира зголемување на бројот на заболени кај
лицата на возраст до 49 години, со најзабележително зголемување од 19,5 отсто во возрасната група од 40 до 49 години и 14,5 отсто во возрасната група од 20 до 29 години. Кај возрасните групи над 50 години се забележува намалување во споредба со минатата недела, 12,3 отсто помалку кај лицата на возраст од 50 до 59 и 10,7 отсто кај лицата над 60 години.

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 1.772 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 26,2 отсто помалку споредено со минатата недела (n=2.400). Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 309 реинфекции, со зголемување од 15,7 отсто во однос на претходната недела.

Пријавени се 15 смртни случаи во 9 градови со датум на смрт во текот на изминатата недела (14 до 20 март), за 55,9 отсто помалку во однос на претходната недела (n=34). Најголем дел од нив се од Скопје (4). Во однос на возраста, регистрирани се 13 починати од возрасната група над 60 години и по еден починат од возрасната група од 40 до 49 години и 50 до 59 години, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање