08 Мај, 2024
0.0274

РЕФЕРЕНДУМ ВО ГЕВГЕЛИЈА: За или против изградба на рудник за ископ на злато на Кожуф

Објавено во: Македонија 23 Април, 2017

Добивај вести на Viber

За или против изградба на рудник за ископ на злато на Кожуф. За оваа дилема на референдум се изјаснуваат денеска жителите на Гевгелија. Се очекува голем број на граѓани да го кажат својот став, со оглед дека референдумот на локално ниво доби поддршка и од ВМРО - ДПМНЕ и од СДСМ.  

Според единствениот избирачки список право на глас на референдумот имаат 19 458 жители кои денеска се изјаснуваат на 37 избирачки места . А вчера, право на глас го остварија 30 затвореници и 4 болни лица.

На Кожув, концесија за детални геолошки истражувања има компанијата Резервоар Минералис. Оттаму, не сакаа да зборуваат за да не го прекршат изборниот молк.

И додека невладините организации, еколошки здруженија и граѓаните се погласни беа во однос на штетните последици ако се дозволи изгрдба на рудник за злато на планиината Кожув, од ресорните министерства стигна апел дека место за паника нема – потенцирајќи дека законите во оваа област во земјава се построги дури и од Eвропската Унија.

Иако се шпекулираше дека централата на ВМРО-ДПМНЕ, вршела притисок врз локалниите претставници на нивната партија да не го поддржат референдумот, сепак оттаму негираат такво нешто, појаснувајќи дека секогаш го почитуваат мислењето на граѓаните.

Но, освен Гевгелија, сега референдум бара и Вландово и Квадарци.

Во Валандово, концесија за ископ има фирмата Сардич, но Валандовчани сметаат дека тоа не само што со самото тоа што рудникот е лоциран на еден километар воздушна линија од градот, предизвикува сериозни проблеми за животната околина и здравјeто на луѓето.

Она што особено ги загрижува е дека на 200 метри од рудникот се наоѓа училиште, а со оглед дека  процесот на ископување на рудата се одвива со минирање на окното, при тоа ќе се користи експлозив, а дневно се очекуваат безброј детонации кои ќе оневозможат следење на настава на учениците. Но може да предизвикаат и пукантини на куќите и околните згради.

Она што пак особено ги загрижува е дека Вландово важи за земјоделски град, но сега ќе бидат доведени во прашање еколошки чистите овошја и зеленчук.

„Земјоделските садници ќе треба да бидат почесто заштитувани од хемиски препарати, што значи повеќе трошоци за земјоделците, иако и тогаш нема да биде сигурно дали ќе се спасат производите од загадување. Меѓу другото, истите земјоделски производи од овој регион ќе бидат избегнувани од трговците и потрошувачите поради разбирливи причини, објаснуваат граѓаните кои бараат да биде поведена инцијатива за референдумско изјаснување и за овој рудник.

Со слична иницијатива се јавија и жителите на Кавадарци. Додека пак во Струмичко веќе фукционира рудникот Иловица, каде концесијата ја има канадската Еуромакс Ресорсис.

Оваа компанија има исто седиште со Резервоа Минералис, која има концесија за детални геолошки истражувања во Гевгелија, но велат дека немаат никаква капитална поврзаност. 

„Еуромакс Ресурсис нема никаква ниту капитална ниту персонална поврзаност со Резервоар Минералс. На адресата на која се регистрирани и двете компании во Канада, се наоѓаат седиштата на многу компании од различни дејности, но не се работи за исти компании, туку за сосема различни правни ентитети“, велат од Еуромакс Ресорсис за Фактор.

Еуромакс Ресорсис концесијата за ископ на злато и бакар ја има од 2012 година, а дали другата канадска компанија Резервоар минералис, ќе добие лиценца за ископ во Гевгелија – ќе се знае по рефрендумот што се одржува денеска. 

Н.С.

Можеби ќе ве интересира

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија