02 Мај, 2024
0.0583

Самсоненко: Плацот на Водно е мој, го купив за 110 милиони денари

Објавено во: Македонија 22 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко денеска сведочеше во Кривичниот суд, за предметот “Плацевите на Водно” во одбраната на обвинетиот бизнисмен Орце Камчев, а за спорната површина до која се уште нема пристапен пат. Тој тврди дека е негов плацот за кој обвинителството верува дека е купен за поранешниот премиер Никола Груевски.

Обвинителството смета дека плацот на Водно е во тајна сопственост Груевски, менувајќи неколку сопственици. Спорд обвинението, во летото 2012 година кумот на Груевски, Ристо Новачевски, основал фирма-ќерка во Скопје, „Сирах инженеринг“, а на сметката во неколку наврати легнале парите на Груевски, стекнати преку донации за партијата. Со нив, пак, потоа биле исплатени две парцели, со вкупна големина од 11.000 квадратни метри.

Самсоненко вели дека таму сака да си изгради куќа, по купопродажбата преку фирма која е во сопственост на неговата сопруга.

-“Лајф кеар центар” е моја фирма, која е купена на име на жената, по моја наредба, значи на мојата фамилија е. Во сопственост нема ништо, освен плац од 10.000 квадрати, отприлика.

Барав голем плац за да изградам куќа за мојата фамилија. Не можев да најдам бидејќи барав над 5.000 квадрати. Орце Камчев ми го предложи овој плац како една од варијантите. Јас разгледував и го одбрав. Договорот беше да го исплатам за три години и го исплатив и пред време. Платив 110 милиони денари, рече Самсоненко, кој додаде дека со тие пари безгрижно би живеел 10 до 15 години, рече Самсоненко во дел од своите изјави.

Тој наедно и се пожали дека Општината треба да изгради пристапен пат а тоа се уште не е направено.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање