02 Мај, 2024
0.0287

Се огласи директорот на Идризово: Ќе го фатиме Беким Мемети, не поднесувам оставка

Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Филмското бегство на затвореникот Беким Мемети од затворот Идризово доведе до суспензија на 4 полицајци, меѓу кои и командирот на затворот Срѓан Димитријевски и директорот на Управата за извршување санкции Маријан Спасовски. Сепак, министерот за правда Никола Тупанчевски предупреди дека отпуштањата нема да завршат тука, туку на оваа листа може да се најде и директорот на затворот Идрозово. 

Шпенд Таири во изјава за Алсат вели дека не очекува да добие отказ, додека се надева дека бегалецот ќе биде фатен што поскоро.

„Ја уверуваме јавноста дека ќе се расветлат сите околности за бегството на затвореникот и по констатирање на евентуална одговорност на службите под директна надлежност на Затворот Идризова ќе бидат преземени соодветни мерки. Надлежните институции постапуваат брзо и се надеваме дека бегалецот нема да успее во својата цел - да избегне издржување затворска казна. Што се однесува до изјавата на министерот Тупанчевски, јас лично не се гледам себеси вклучен во неговата изјава“, изјави Шпенд Таири, директор на затворот Идризова.

Извори на Алсат велат дека партнерот на владината коалиција, поточно Алтернатива, не се согласува да се разреши директорот на затворот Идризово, кој доаѓа од редовите на оваа партија

Додека трае истрагата, а осомничените остануваат во притвор, вчера Владата на Северна Македонија го именуваше новиот директор на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ. ж

Беким Мемети, кој во моментов се бара со меѓународна потерница, побегна од затворот Идризово пред една недела. Тој издржувал казна за убиство и трговија со дрога. Тој беше во затвор од декември 2020 година.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање