03 Мај, 2024
0.0327

СЕ СРЕТНУВАЛ СО ЏАФЕРОВИЌ: Убиениот Сулејмани војувал против босанските Срби

Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Убиениот иранскиот генерал Касим Сулејмани војувал во Босна. 

Бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ, за време на граѓанската војна во БиХ, како началник на Центарот за безбедност на Зеница, се сретнал со Сулејмани.

Сулејмани војувал против Србите во БиХ, а неговите припадници на Иранската револуционарна гарда (ИРГЦ) ги извршиле најмонструозните злосторства во текот на војната, пишува „Вечерње новости“.

„Џаферовиќ, кој е познат по тоа што за време на војната им издавал и босански документи на припадниците на озлогласениот одред ’Ел муџахедин‘, се сретнал и бил во координација со иранскиот генерал Сулејмани секаде каде што требало да учествуваат припадниците на ИРГЦ во нападите на српските позиции и во злосторствата над Србите“, тврдат за весникот дипломатски извори во Сараево.

Сулејмани, лидер на елитниот одред Кудс на ИРГЦ и еден од најмоќните луѓе на Блискиот Исток, и лично усчествувал во граѓанската војна во БиХ во 1993-1994 година, кога и се среќавал со Џаферовиќ, а во мај 1992 година во т.н. Армија на БиХ имал 20 специјалци на иранската војска кои ги напаѓале српските позиции.

Престојот во БиХ Сулејмани го образлагал со својата позната изрека: „Секаде каде на муслиманите им треба помош, јас ќе бидам таму.“

Така ИРГЦ, благодарение на генерал Сулејмани, била првата странска паравоена формација која на почетокот на 1992 година дошла во БиХ и во воените години извршувала злосторства над Србите.

Во текот на војната Сулејмани дошол во БиХ, како што тврдат дипломатски извори, како и останатите припадници на ИРГЦ: преку пристаништето Плоче, а биле стационирани во Какањ, Високо, Травник, Зеница, Фојница и на Игман.

Иран планира да го тужи американскиот претседател, Доналд Трамп за убиството на генералот Сулејмани. 

Претседателот на иранскиот Врховен суд,  Ебрахим Раиси објави дека американскиот претседател Трамп мора да биде осуден на меѓународно ниво.

Раиси  вели дека одговорните за ова кривично дело ќе бидат процесуирани. 

Трамп пак порача дека воопшто не го интересира дали Иран ќе се согласи да преговара со Соединетите Американски Држави. Тој вели дека Сулејмани бил опасност за САД. 

Како одмазда за смртта на Сулејмани, беа нападнати американски воени бази во Ирак. 

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД