02 Мај, 2024
0.0289

Шилегов ќе носи живот во Скопје, Трајановски најави нови паркови

Објавено во: Македонија 25 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Петре Шилегов и Коце Трајановски ќе се борат за градоначалничката фотелја на град Скопје.

И двајцата кандидати ја почнаа кампањата со ветувања.

Шилегов со пораки дека ќе носи живот во главниот град а Трајановски акцент става на животната средина и амбиенталниот воздух.

„За да ги оствариме тие цели, чекориме по неколку патеки. Градиме мостови за подобро да го поврземе градот. Ги напуштаме автоцентричните решенија, за да го зголемиме учеството на останатите во сообраќајот. Го гасифицираме Скопје, почнувајќи од населбите без топлификациска мрежа. Преземаме системски мерки за да обезбедиме чист воздух за граѓаните, што поскоро.  За децата  и  средношколците  обезбедуваме  грижлив и просперитетен град, а за сите граѓани нова, отворена, услужна локална власт“, рече Шилегов.

Шилегов, заедно со кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Стефан Богоев најави отворање на нов Градски Парк во Карпош, покрај кејот на Вардар со површина од 30 хектари кој ќе биде опремен со нови садници, патеки, урбана опрема, во чиј состав ќе се изгради и ботаничка градина.

„Сето ова е  наведено  во  програмата  што  врз основа на предлозите од граѓаните ја  подготвивме  со  советниците и експертите од различни  области, а во фокусот се граѓаните и подобар живот за сите“, додаде Шилегов.

Од паркот во Ново Лисиче на последна 5-ка, Трајановски  пак порача дека за наредниот мандат предвидено е изградба на дополнителни 100 илјади квадратни метри парк кој ќе се протега од постоечкиот до ФФМ и позади него.

- Главна тема и моја заложба во идниот период ќе биде здравјето на граѓаните т.е граѓаните и нивниото здравје во наредниот четиригодишен период. За таа цел ќе работиме на проекти кој што ќе значат заштитата на животната средина, амбиеталниот воздух, а со тоа сметаме дека и е една од мерките на заштита на здравјето на граѓаните на Скопје, рече Трајановски.

Тој потсети дека изминатите осум години работел посветено на подигање на голем број на зелени површини и засадување на дрва како една од мерките за заштита на животната средина и на амбиеталниот воздух во градот Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање