30 Април, 2024
0.0294

Силк Роуд Банка со промотивна кампања за дозволено пречекорување на сметка за правни лица

Објавено во: Економија 20 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Силк Роуд Банка воведе нов производ наменет за сите правни лица постојни клиенти на банката – дозволено пречекорување на трансакциска сметка („overdraft“). За таа цел банката спроведува промотивна кампања, односно сите примени апликации за дозволено пречекорување на трансакциска сметка за правни лица во периодот од 15.08.2020 година до 30.10.2020 година се без административен трошок за одобрување и со привилегирани каматни стапки за користење на продуктот почнувајќи од 5%.

“Продуктот дозволено пречекорување – оverdraft за правни лица е наменет за компании, постојни клиенти на банката кои имаат потреба од финансиски средства за финансирање на краткорочни обртни средства, одржување на ликвидноста и задоволување на потребата од дополнителни средства во даден момент.  Предноста на користење на овој продукт е во брзата процедура за одобрување и едноставноста до пристапот  на потребните, односно одобрените  средства. Во тек е промотивен период, каде што сите примени апликации во периодот до 31-ви октомври оваа година се целосно ослободени од административни трошоци за исплата. Дополнително, за сите примени апликации во овој период банката нуди и привилегирани (пониски) каматни стапки од 5% за користење на дозволениот лимит на трансакциска сметка - overdraft. Како дополнителна вредност при користењето на овој продукт е и можноста од предодобрување на American Express Gold кредитна картичка без надомест за годишна членарина за првата година за сопственикот, односно сопствениците на компанијата“, велат од Службата за корпоративно управување во банката.

Максималниот одобрен лимит на трансакциска сметка кој може да го користи компанијата е до 3.000.000,00 денари. Наплатата на камата се врши само за искористениот дел од лимитот. За постоечките клиенти на Силк Роуд Банка, дозволеното пречекорување ќе биде пред-одобрено во износ од просечен месечен промет во Банката и направени минимум три должи (debit) трансакции на месечно ниво во изминатите 12 месеци. 

Можеби ќе ве интересира

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?