17 Мај, 2024
0.0269

СИТЕ БАРААТ ПОВИСОКА ПЛАТА - издржани ли се ветувањата

Објавено во: Финансии 27 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Сите бараат повисока плата, просветри, лекари, научни работници. Владата на сите им ветува зголемувањеЌе се најдат ли толку многу пари во Буџетот за 2020 година, кој мора да биде скроен во следните неколку дена, односно веќе на први ноември да влезе во владина процедура. 

Премиерот Зоран Заев вчера најави покачување на плати за 25 отсто за научните работници, во сите седум институти во земјава.

„Веќе со октомвриската плата го добивте и имате нова одлука на 25 отсто зголемување на плата, затоа што навистина приходите за научните работници и професорите коишто работат во сите наши институти беа понижувачки. Владата смогна сили и донесе одлука со што сакаме да ве мотивираме да продолжите да работите“ рече премиерот Заев.

Просветарите, пак, сигурно треба да добијат повисоки плати за 10 отсто од април следната година, но нив и тоа им е малку, па бараат многу повисок процент, и тоа уште од јануари. Владата му дава шанса на дијалогот со СОНК,  откако тие завчера се заканија со генерален штрајк, доколку не се прифатат нивните барања.

Премиерот Заев вели дека досега платите на наставнициите се два пати покачени, и од април е понудено покачување од 10 проценти, што се две милијарди денари.

„Лесно е да протестираме и да се караме, но тоа никогаш не дало резултат кај нас. Сега сакаат пак да преговараме. Но треба да се прифатат реалните можности на државата. Ние сме спремни за наставникот да направиме се што можеме да го мотивираме да пренесува знаење на децата“ рече Заев.

Според него, Владата ќе продолжи да преговара со СОНК. Тој верува дека ќе се најде решение, за да не дојде до најавениот прекин на наставата следниот месец.

И за лекарите се ветени повисоки плати. Премиерот Заев вчера вети дека уште во првиот квартал на идната година, лекарите-специјалисти ќе имаат просечни примања од 100 илјади денари.

Вака како што сега стојат ветувањата, прашање е дали се крои развоен, или популистички буџет. Колку тој ќе тежи, и дали ќе биде поголем од годинашниов од 3,7 милијрди евра.

Од Министерството за финансии засега без детали што ќе содржи новиот буџет.

Експертите сметаат дека Владата не смее да им попушта на сите категории што бараат повисоки плати, но од друга страна, тоа е многу тешко да се постигне во предизборна година.


Можеби ќе ве интересира

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници