26 Април, 2024
0.0282

ПЛАТИ, ПЛАТИ И САМО ПЛАТИ - сите бараат, но колку ќе издржи новиот буџет

Објавено во: Економија 27 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Поголеми плати бараат просветарите, а зголемување на платите им се ветува и на научните работници, како и на лекарите. Ќе се најдат ли толку многу пари во Буџетот за 2020 година, кој мора да биде скроен во следните неколку дена, односно веќе на први ноември да влезе во владина процедура. 

Премиерот Зоран Заев вчера најави покачување на плати за 25 отсто за научните работници, во сите седум институти во земјава.

„Ребалансот на буџетот помина и минатиот труд на научните работници од институтите, вкупно седум во државата е решена проблематика. И нека ви е честито покачувањето од 5 отсто кое беше од септември. Веќе со октомвриската плата го добивте и имате нова одлука на 25 отсто зголемување на плата, затоа што навистина приходите за научните работници и професорите коишто работат во сите наши институти беа понижувачки. Владата смогна сили и донесе одлука со што сакаме да ве мотивираме да продолжите да работите“ истакна премиерот Заев.

Просветарите, пак, сигурно треба да добијат повисоки плати за 10 отсто од април следната година, но нив и тоа им е малку, па бараат многу повисок процент, и тоа уште од јануари. 

Владата повторно му дава шанса на дијалогот со СОНК,  откако тие завчера се заканија со генерален штрајк, доколку не се прифатат нивните барања.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми најави дека во текот на следната недела ќе ги покани претставниците на СОНК на разговори.

„Следната недела сигурно дека ќе има покана и од наша страна да седнеме заедно, имајќи ги предвид сите параметри и за други реформски процеси за кои има финансиски импликации. Верувам дека ќе најдеме начин и решение за следното покачување на платите“, објасни Адеми.

Според него, нема пазарење туку има конструктивен дијалог и разгледување на сите параметри.

Премиерот Заев, пак, рече дека досега платите на наставнициите се два пати покачени, и од април е понудено покачување од 10 проценти, што се две милијарди денари.

„Лесно е да протестираме и да се караме, но тоа никогаш не дало резултат кај нас. Сега сакаат пак да преговараме. Но треба да се прифатат реалните можности на државата. Ние сме спремни за наставникот да направиме се што можеме да го мотивираме да пренесува знаење на децата“ рече Заев.

Според него, Владата ќе продолжи да преговара со СОНК. Тој верува дека ќе се најде решение, за да не дојде до најавениот прекин на наставата следниот месец.

СОНК и даде рок на власта од две недели да размисли за нивните барања, во спротивно на 11 ноември ќе има генерален штрајк.

И за лекарите се ветени повисоки плати. Премиерот Заев вчера вети дека уште во првиот квартал на идната година, лекарите-специјалисти ќе имаат просечни примања од 100 илјади денари.

„Идната недела сме со намера да објавиме зголемување на капитациите на матичните лекари, стоматолози, гинеколози“, рече премерот.

Вака како што сега стојат барањата, но и ветувањата, прашање е дали се крои развоен, или популистички буџет. Министрите веќе расправале за неговите основни контури. Се поставува прашањето колку тој ќе тежи, и дали ќе биде поголем од годинашниов од 3,7 милијрди евра.

Од Министерството за финансии засега без детали што ќе содржи новиот буџет.

„Министерството за финансии е во постојана комуникација со коморите. Изработката на Предлог Буџетот за 2020 година е во тек, и тој ќе биде доставен до Влада во рок, односно до 1 ноември“, нагласуваат од Министерството за финансии. 

Експертите сметаат дека Владата не смее да им попушта на сите категории што бараат повисоки плати, но од друга страна, тоа е многу тешко да се постигне во предизборна година.


Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина