02 Мај, 2024
0.0287

Сите луѓе на претседателот Иванов: Кој го советува шефот на државата?

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот Ѓорѓе Иванов е на чело на државата веќе 8 години. Тој во овој период речиси постојано е во сенка на премиерот и на претседателот на Собранието, но од време на време Иванов добива главна улога. Најчесто, тие не биле улоги за сплотување на народот како татко на нацијата, туку секоја негова одлука предизвикувала тензии и протести.

Одлуката за помилување на 56 лица, најголем дел функционери од ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници, со цел да ги заштити од можен прогон од Специјалното јавно обвинителство, беше причина да почнат протестите на „Шарената револуција“

56 годишниот претседател на Македонија и сега по изборите се најде во центарот на политичките случувања, кога мандатот за составување на Влада му го додели на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.  Но, откако тој не успеа да договори коалиција со ДУИ, сега Иванов одбива мандатот да му го довери на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и го услови прво да обезбеди 61 пратеник за парламентарно мнозинство, а потоа ќе го добие мандатот за состав на влада.

Одлуката на Иванов предизвика многу реакции и обвинувања од експертската и политичката јавност. Едни го критикуваат дека го прекршил Уставот, а други дека неговата одлука е праведна и законска.

Кој го советува шефот на државата при носењето на неговите одлуки?

Фактор ви ги претставува сите луѓе на претседателот, кои се дел од неговиот Кабинет и го советуваат кога тој треба да донесе некоја одлука.

Десна рака на Иванов, не е некој политички искусен и поткован соработник, туку Генерален секретар во Кабинетот е младиот Борис Јосифовски


Тој во периодот од 2005 до 2009 година бил советник во Општина Гази Баба. А, како дипломиран историчар на уметноста Јосифовски бил ангажиран и како советник во Министерството за култура, а потоа и како Државен советник за меѓународна соработка. Јосифовски е син на некогашниот претседател на Државната изборна комисија, Јован Јосифовски, а сега актуелен судија во Уставниот суд.

Заменик генерален секретарза правни и финансиски работи е Лубен Арнаудоски, кој бил член на Кабинетот на Претседателот во 1977 година, во поранешното претседателство како стручен соработник. 

За него на официјалната интернет страна на претседателот пишува: „Во својата долгогодишна кариера членува во голем број на експертски групи за подготовка на законски проекти. Арнаудовски има акумулирано искуство од учеството во бројни конференции и семинари во Македонија и во странство, како и преку редовни учества на државни делегации во билатерални и во мултилатерални активности“.

Втор заменик генерален секретар за организациони и протоколарни работи е Иле Масалковски.

Тој има неколку годишно искуство во работата на невладиниот сектор и меѓународната младинска политика.

Советник за надворешна политика е Дарко Костадиновски, кој претходно бил асистент на советникот за надворешна политика во Кабинетот на Претседателот Борис Трајковски

Во Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, од 2006 година, својата кариера во надворешната политика ја продолжува раководејќи и со одделението за Европската Унија и НАТО. На 11 февруари 2015 година e назначен на функцијата Пратеник на Република Македонија во Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации.

Советник за воени прашања на претседателот Иванов веќе две години е генералот п.полковник Горанчо Котески

Во периодот од 2003 до 2008 година со Указ на претседателот Борис Трајковски, ја извршува должноста воено аташе во Германија. А, од 2009 до 2011 година е Аѓутант наИванов. Од 2011 до 2015 Котески е Началник на Генералштабот на АРМ.

Аѓутант на претседателот Иванов е бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски

Долг период Ѓорѓоски беше портпарол на Генералштабот на АРМ, а во октомври 2015 година влегува во Кабинетот на Иванов. Во декември истата година е унапреден во чин Бригаден генерал.

Единствена жена во Кабинетот на Иванов е Љуљета Ќуфлију,за која пишува дека има долгогодишно работно искуство во различни државни институции,невладини и меѓународни организации. 

Својата кариера ја започнува во редакцијата за култура во Радио Втора програма при Македонската Радио Телевизија, но истовремено учествувала и во многу социјални и хуманитарни активности, а била дел и од Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје.

Совет за меѓународни односи и безбедност

Како советодавни тела на шефот на државата се и Советот за меѓународни односи и Советот за безбедност.

Советот за меѓународни односи е неформално советодавно тело на, составено од домашни и странски експерти по меѓународно право, меѓународни политички односи и дипломатија.Се состанува најмалку еднаш годишно на различни теми од неговата надлежност, при што усвојува конкретни заклучоци.

Во време на вакуум периодот во кој земјава нема формирано нова влада, а нема ни претседател на Собранието, најдискутабилен орган во рамките на Кабинетот на Иванов е Советот за безбедност. Тој е најважниот сегмент, бидејќи донесува одлуки кои се од важност за стабилноста и безбедноста на државата, но во актуелниот период на Советот му е истечен рокот.

Претседател на Советот за безбедност е Иванов, членови се Трајко Вељаноски, како претседател на Собранието (иако тој веќе не е спикер на Парламентот), премиерот Емил Димитриев, Зоран Јолевски, министер за одбрана. На списокот се уште се наоѓа Оливер Спасовски, како прв човек на МВР, а тој вне е на таа функција веќе два месеца. Дел од Советот е и  Никола Попоски, министер за надворешни работи, потоа Фљора Кадриу, Вели Креци и Насер Сејадини.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање