01 Мај, 2024
0.0293

Спасов: Писмото на Иванов до меѓународната заедница нанесува голем срам на Македонија

Објавено во: Македонија 08 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот  Горѓе Иванов, покажува дека е еден од главните креатори на политичката криза во земјава, но и на нејзиното продлабочување после изборите, вели за Фактор поранешниот амбасадор Горѓи Спасов. Спасов, посочува дека Иванов прв го крши Уставот со тоа што одбива да му го дели мандатот за состав на Влада на Зоран Заев, а при тоа  ги обвинува другите дека тоа го прават.

На луѓето кои го повикуваат да покаже мудрост и да се откаже од непочитувањет на Уставот, тој им пласира еден серија лаги за загрозеноста на мирот, унитарноста ,независноста и територијалниот интегритет на Македонија од страна на политичките партии на Албанците на Македонија и нивните странски подржувачи кои составиле некаква декларација со која ја уценувале Македонија.

Иако таа платформа или декларација не е некаков официјален документ, и сам по себе не предизвикува било какви обврски или промени, односно е на ниво на Прогласот што го прочита Груевски на денот пред прегласувањето пред  ДИК, Иванов бара од меѓународните организации да ја осудат и отфрлат таа „тиранска платформа„  како мешање во внатрешните работи на Македонија од страна на Тирана и Приштина,  и да сфатат зошто тој не го дава мандатот на параламентраното мнозинство во Македонија за состав на влада и покрај тоа што е тоа негова уставна должност.

Иванов со писмото покажува дека е еден од клучните креатори на кризата и особено на нејзиното постизборно продлабочување.

 Од неговото писмо, на секого му е јасно дека тој себе се издига на ниво на единствен бранител на независноста и суверенитетот на земјата, иако според Уставот тој има само ограничени надлежности, бидејќи Македонија е парламентрана демократија.

Прво.Тој има должност да го даде мандатот за состав на влада на било кое парламентрано мнозинство  кое добило доверба од граѓаните на слободни избори.  Никој нему лично не му доверил некаква „превентивна„ улога во системот и право на условување на партиите што имаат мнозинство  со каква владина програма ќе излезат пред Парламентот.  Да е така тој би имал право да ја поништи избирачката волја а со ова, тој тоа и го прави и прв го крши Уставот а ги обвинува другите за такви намери. 

Второ. Тој како и секој граѓанин има право да укажува на постоење на некаква „непријателска пропаганда„ јавно да отфрла неприфатливи идеи за него, но нема право да треска глупости од стилот „додека сум јас претседател и додека сум жив не го давам мандатот на лица кои не ми се допаѓаат„ иако ми е тоа должност според Уставот.

Трето. Дури и да се точни неговите произволни толкувања дека „новото параламентрано мнозинство„ на кое би му го доверил мандатот има намера да го промени Уставот, да ја загрози унитарноста , незвисноста и сл, тој нема овластувања тоа да го спречува на овој начин. Тоа не може да се случи со декларации и платформи. И тој тоа треба да го знае. Тоа може да се случи со Закон. Но ако некој закон загрозува такво нешто, тој има овластување  да не го потпише и да го врати во Собранието со сите образложение а Уставниот суд може да укине одредби од закон. Уставот не може да се промени без јавна расправа и без двотретинско мнозинство во Собранието. А имплементацијата на Рамковниот договор, кој од 2001 година и е еден вид мировен договор меѓу Албанците и Македонците е гарантирана и од САД и од ЕУ како негови потписници. 

Затоа сите „наводни опасности„ од платформата се небулози на Иванов со кои само шири клевети, омраза и својата параноидност ни ја наметнува како состојба на духот во земјава.

С.Н.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски