02 Мај, 2024
0.0418

Спасовски: Проблемот со миграцијата не може да се гледа изолирано

Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска имаше обраќање на Есенскиот состанок на Парламентарното собрание на ОБСЕ 2016. Проблематиката на миграцијата, особено сега во актуелниот глобален политички контекст е незаобиколен фактор кој очигледно мора да биде вкалкулиран во она што значи меѓународна соработка и дејствување, смета Спасовски, додавајќи дека Македонија застанала цврсто во борбата со нелегалната миграција. 

- Република Македонија, како држава која беше изложена на најфреквентната рута од тоа миграциско движење, јасно и практично ја декларираше својата решителност за заеднички пристап и решавање на проблемите, особено што предвидувањата не ја исклучуваат можноста од појава на нов и можеби уште помасовен миграциски бран, изјави министерот за внатрешни.

Тој додаде дека во текот на минатата година низ територијата на Република Македонија транзит оствариле безмалку 700.000 мигранти, од кои повеќето се од најзагрозените блискоисточни подрачја – Сирија и Ирак, но и мигранти од Средниот исток и северна Африка. До средината на февруари годинава оваа бројка нарасна за уште околу осумдесетина илјади мигранти.  

- Оваа состојба налагаше динамични промени и решенија особено во нормативната сфера, но и на оперативно рамниште, особено од аспект на институциите кои што беа најдиректно инволвирани во справувањето со проблемот со мигрантите. Тука, се разбира, предничи Министерството за внатрешни работи, кое беше и иницијатор на низата законски измени кои ја третираат областа на миграциите, смета тој.

Спасовски заклучува дека проблемот со миграцијата не може да се гледа изолирано. „Високите ѕидови не го решаваат тој проблем“, вели министерот. 

- Минатогодишните случувања покажаа дека доколку нема заеднички синхронизиран пристап, како на оперативно, така и на нормативно ниво, тешкотиите и заканите ќе ги споделуваат како државите поединечно, така и несреќните луѓе принудени на мигрирање, додава Оливер Спасовски


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање