01 Мај, 2024
0.1548

Според Битиќи веќе се обезбедени повеќе од 600 милиони евра заеми за справување со кризата

Објавено во: Економија 29 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Според Фатмир Битиќи, претседателот на комисијата на СДСМ за финансии, Македонија веќе обезбедила над 660 милиони евра заеми од меѓународните и домашните кредитори за справување со кризата предизвикана од корона вирусот.

Функционерот на владеачката партија објави дека до сега извесни се 62 милиони евра помош од ЕУ пренаменети од ИПА фондовите, 176,53 милиони евра од брзиот инструмент на ММФ, 72,35 милиони евра нето задолжување кај домашните банки во текот на април, 160 милиони евра, дополнителна помош од ЕУ од стратегијата за макроекономска стабилснот и од 140 до 160 милиони евра од програмата на Светска банка

„Владата на СДСМ за целиот овој период од почетокот на пандемијата активно работи и на прибирање средства со кои ќе биде амортизиран ударот врз приходната страна на буџетот, па така до сега извесни се:
- 62 милиони евра помош од ЕУ
- 176,53 милиони евра од ММФ, одобрување на 100% од квотата
- 72,35 милиони евра нето задолжување кај домашните банки во текот на април
- 160 милиони евра, дополнителна помош од ЕУ за надминување на кризата
- 140-160 милиони евра од Светска банка“, напиша Битиќи на својот профил синоќа на Фејсбук како контра-одговор на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Битиќи, продлабочувањето на буџетскиот дефицит во овој период кога државата неочекувано, како и целиот свет, се соочи со пандемијата од COVID-19 е појава која не ја одминува ниту една економија. 

„Намалената економска активност која е последица на прогласената пандемија е најголемата причина за намалувањето на тековните буџетски приходи. Од друга страна владата (Министерството за финансии и УЈП) прави максимални напори со директно вбризгување на ликвидност во економијата, последиците од оваа корона криза да бидат колку може помали. Исплатата на повратот на ДДВ дополнително е динамизирана, исплатите на пензиите и другите социјални трансфери се одвиваат веќе и предвремено, субвенциите во земјоделието се исплаќаат целосно и навремено, а и сите други буџетски трансфери и плаќања се извршуваат во законски предвидените рокови без никаков застој со единствена цел зголемување на ликвидноста на компаниите и граѓаните, што е во насока на зголемување на потрошувачката која директно влијае на полнењето на буџетот и растот на БДП“, додава тој.

За редовната аукција на благајнички записи емитувани во износ 17 милијарди денари, тој вели дека тоа во пракса значи намалување од 8 милијарди денари од комерцијалните банки кои биле „пасивизирани“ а кои сега остануваат како вишок ликвидност кај банките и истите се очекува да бидат искористени како за кредитирање на приватниот сектор и населението, така и за кредитирање на државата преку државнитe записи.


Можеби ќе ве интересира

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?