Суат Инан реименуван за извршен член на одборот на директори на ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
Објавено во: Економија 29 Април, 2020
Согласно решение на Агенцијата за супервизија на осигурување на Р.Северна Македонија, од 31 март годинава издадена е претходна согласност за реименување на Суат Инан како извршен член на одборот на директори на ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, за период од 3 години, заклучно до 6 март 2023 година.
Оваа информација е објавена на Македонска берза.
Инан ќе продолжи да ја врши функцијата главен изврен директор на ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје.