07 Мај, 2024
0.0273

Суспендирано тргувањето со акциите на ЗК Пелагонија: По објавата на Фактор реагираше Македонска берза и регулаторот КХВ

Објавено во: Економија 17 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Македонска берза и Комисијата за хартии од вредност реагираа по објавата на Фактор дека вештачки се крева цената на акцијата на ЗК Пелагонија. Фактор дознава дека е донесена одлука за суспензија на тргувањето со акциите на ова друштво - а Македонска берза претходно до ЗК Пелагонија испратила известување со констатација дека цената на акцијата во текот на месецов пораснала за 60 отсто. Информацијата и сите сознанија што ги има комбинатот се бара да бидат објавени како ценовно чувствителна информација до системот на Македонска берза. 

Слична реакција имаше и регулаторот на пазарот, Комисијата за хартии од вредност. Оттаму ја цитираат информацијата на Фактор.

„Во текстот се наведува информација дека инвестициски фондови се заинтересирани за откуп на друштвото и се наведува проценета вредност на компаниајта од околу 50 милиони евра. Имајќи го предвид фактот дека акционерското друштво е котирано на берзанскиот сегмент - Берзанска котација, потребно е веднаш по приемот на овој допис согласно член 32 од Правилата на котација да се произнесете односно на СЕИ-НЕТ линкот да објавите ценовно чувствителна информација околу наводите на порталот Фактор, односно да обелодените дали постојат преговори за продажба на друштвото, пишува КХВ во обраќањето до ЗК Пелагонија.

Фактор вчера бјави дека се случува обид за манипулација на помалите акционери во ЗК Пелагонија и вештачки се крева цената на акцијата на комбинатот. 

Имено, според нашите информации, во истиов период има интерес од сериозни глобални инвестициски фондови во земјоделскиот сектор кои веќе имаат огромни инвестиции во земјоделството во регионов, а кои пројавувале интерес за откуп и на ЗК Пелагонија. Проценетата цена е од околу 50 милиони евра, а во понудата влегува Агрокомбинатот, Електраните од 6 мw и Здравје Радово. Во случај на реализација на такво сценарио, акцијата на ЗК Пелагонија би вредела 15.000 денари.

Знаејки ги тие инсајдерски информации во моментов практично се манипулираат помалите акционери и се тргува со нивните акции кои им се откупуваат по цена од 3.900 до 4.500 денари.

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката