05 Мај, 2024
0.0276

Свилен гајтан за Владимир Панчевски?

Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Судиите го креваат гласот против претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски. Досега тој има една кривична пријава за влијание од судијата Илија Џолев, а сега доби нова порака од своите колеги – да престане да го злоупотребува судот за лични пресметки.

Петнаесетина судии од Кривичниот суд побараа од Судскиот совет да поведе постапка против Владимир Панчевски, поради тоа што тој на официјалната интернет страна на судот пушта соопштенија и информира за свои лични ставови за судијата Илија Џолев, без да го почитува неговиот интегритет како судија. 

Со оглед на тоа дека во судот односите помеѓу колегите се крајно нарушени, засегнати сме сите ние со наведеното известување, бидејќи може тоа да биде било кој од нас, кој во моментот не се согласува со сегашниот Претседател, со почит кон неговата функција. Сметаме дека е недозволиво официјалниот сајт на судот да биде користен за објава на лични преписки и ставови на Претседателот, при тоа користејќи ја таа функција од аспект на сила и моќ. Во таа насока се обраќаме до сите вас како надлежен орган согласно вашите законски овластувања да преземете соодветни мерки кон  Претседетелот“, пишува во барањето од судиите од Кривичниот суд.

Во Основниот суд Скопје 1 според податоците на интернет страната работат вкупно 66 судии, вклучувајќи го и претседателот Панчевски. Според бројот на потпишани судии на писмото до Судскиот совет, против првиот човек на Кривичен гласот го кренаа една четвртина од судиите.

Пред неколку дена Панчевски „низ вода го пушти“ и претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова. Таа во интервју за емисијата 360 степени рече дека Панчевски не заслужува повторно да биде избран за претседател на Судот.

Токму јас го промовирав судијата Панчевски да биде судија во Одделението за организиран криминал. Како судија можеби си ја практицираше судиската функција коректно, професионално, меѓутоа сега очигледно не се снаоѓа во оваа функција како претседател на Кривичниот суд“, рече Неделкова.

Но, за разлика од овие отворени напади кон Панчевски, тој се уште има закрила кај Судскиот совет. Дури четири дена по оваа изјава на претседателката на Врховниот суд, Судскиот совет вчера излезе со соопштение во кое се огради од нејзините ставови за Панчевски и судството.

Наводите во нејзиното интервју, поврзани со квалификации за судиите и за членовите на Судскиот совет на Република Македонија и организациската поставеност на судскиот систем, според Судскиот совет на Република Македонија, преставуваат личен став на Неделкова и не го изразуваат мислењето на судиите во Република Македонија“, напишаа во соопштението од Судскиот совет на чие чело е Зоран Караџовски.

Четиригодишниот мандат на Владимир Панчевски истекува на 4 декември.

Во денешното интервју за „Фактор“ Панчевски бара да се заштити судот.

Како судија,  јас  носам заклучоци и одлуки  исклучиво  врз основа  на аргументи и факти, а не врз основа на искажани изјави и сомнежи.  Критиките за работата на Судот  и „пакувањата“ на таквите забелешки и изјави  од страна на наши домашни  експерти,  нивно толкување  дека судството е партизирано  го сметам  како директен напад врз судскиот систем  и е со цел  судската власт во државата да биде урната.  Судот е последниот  бастион за заштитата на правата на македонските граѓани“, вели Панчевски.

Тој ќе се бори и за втор мандат, а како против кандидати засега се споменуваат имињата на судијата Илија Џолев, кој му поднесе кривична пријава на Панчевски и судијата Владимир Туфегџиќ.

Панчевски во изминатава година и половина, откако беше формирано Специјалното јавно обвинителство, постојано е прозиван дека е извршител на нарачките на власта и кочничар за случаите кои ги отвори СЈО.

Тој пак тврди дека не памети дека некогаш му вршел притисок на некоја судија како да одлучи или да пресуди во некој случај.

Судот на чие чело е тој ги одбива речиси сите барања за мерки за претпазливост, притвор, увид во предмети, налози за претрес, изземање на судии кои ги доставува Катица Јанева и постојано излегува со соопштенија со политички квалификации за неговите колеги од СЈО, кои ги обвинува дека се нестручни и тенденциозни.

Дали Панчевски ќе биде повторно избран за претседател на Кривичниот суд ќе биде познато по изборите. Оти, извесно е дека претседателот на судот ќе се бира по завршувањето на изборите.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден