ТЕПАЧКА ВО КИНО: Маж нападнал малолетничка затоа што со нозете му удирала во седиштето
Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2023
Скопјанец во кино нападнал девојче затоа што со нозете му го удиралo седиштето. Вчера во 20 часот случајот е пријавен во полиција.
45-годишен човек со иницијали А.Ш. физички нападнал малолетно девојче во кино сала во Карпош. Полицијата работи на расчистување на случајот.