05 Мај, 2024
0.0258

Тодоров: Лага е дека сум ја потпишал специјализацијата на анестезиологот Валтон Дервиши, без да биде претходно нострифицирана

Објавено во: Македонија 19 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Екс министерот за здравство, Никола Тодоров негира дека „на слепо“ му ја потпишал специјализацијата на тик-ток анестезиологот од Тетово. 

„Лага е дека сум ја потпишал специјализацијата на анестезиологот Валтон Дервиши, без да биде претходно нострифицирана од лекарската комисија“, вели поранешниот министер за здравство Никола Тодоров во изјава за „Слободен печат“, откако медиуми објавија дека Дервиши два пати бил одбиен од лекарската комисија.

Тодоров вели дека ставил про-форма потпис на признавањето на специјализацијата на доктор Дервиши, откако комисијата од четворица доктори и еден правник дала позитивно мислење дека образованието на Дервиши од Косово е компатибилно со тоа во нашата држава. 

По скандалот со тик-ток анестезиолог, министерот за здравство Фатмир Меџити го менува економскиот директор во тетовската болница.

Утврдено било дека во болницата воопшто немало формирана дисциплинска комисија, па затоа останале несаканционирани и наводите, дека истиот доктор одел на работа дури и под дејство на наркотици, за кои слушнал и Меџити.

Освен што снима и емитува во живо пациенти и колеги на Тик Ток, анестезиологот од Тетово користи и вулгарни и недолични зборови, се смее и ги омаловажува пациентките кои во тој момент биле на гинеколошкото одделение во болнички кревети.

Тој доби притвор од осум дена. Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против обвинетиот за кривични дела „несовесно работење во службата“, како и „неовластено снимање“ според чл.152 ст.2 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца