ТВ Нова револтирани како некој да им ставил пиштол на глава
Објавено во: Македонија 22 Март, 2017
ТВ Нова и натаму продолжува со различните форми на протест, а овој пат својот револт од како што тие тврдат политичкиот притисок од СЈО го манифистерираат со крвав графит на нивниот автобус во кое е сместено мобилното студио. На графитот може да се забележи замолчан новинар со вперен пиштол во главата.
Телевизијата која секогаш е преполна со самофалби за тоа колку имаат модерно студио и современа опрема се бунтува против одлуката на СЈО да започне истрага за Сеад Кочан во својство на раководител на Трансмет пред воопшто и да биде основач на ТВ Нова.
За нив е проблематично што било побарано притвор бидејќи на тој начин директно се вршел притисок врз медиумот и дека „новинарството не е криминал“ небаре сопствениците на медиуми се над законите и тие не треба кривично да одговараат за своите дела кои патем речено се уште се во истражна постапка.
Кочан како првоосомничен во случајот Труст преку неговата одбрана тврди дека немало ништо спорно во тендерската процедура но, тој и натаму е недостапен за органите на прогонот и по него има распишано меѓународна потерница.
Во наредните денови ТВ Нова ќе известува од мобилното студио и ќе бара поддршка за својот медиум која засега наводно не ја добива од дел од колегите и медиумските здруженија.