02 Мај, 2024
0.0283

Утре „Поворка на живите“, промена на сообраќајниот режим во Скопје

Објавено во: Македонија 11 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Утре поради „Поворка на живите“ со која ќе се одбележувазт 80 години од депортацијата на македонските Евреи во треблинка, МВР најавува изменет сообраќаен режим во Скопје.

„Утре (12.03.2023) со почеток во 08.30 часот пред Музеј на град Скопје на ул. Св. Кирил и Методиј ќе се одржи настан за одбележување на 80 години од депортацијата на македонските Евреи, по што учесниците ќе се движат од Музеј на град Скопје по ул. Св. Кирил и Методиј, бул. Кочо Рацин, ул. 11-ти Октомври, ул. Крушевска република до Тутунски комбинат Скопје“, соопшти полицијата.

Поради тоа Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници.СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Настанот е во организација на Владата на Република Северна Македонија како покровител на обележувањето на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи,Еврејската заедница на РМ и на Фондот на Холокаустот, Ве известува за повеќе настани за одбележувањето.

Поворка на живите е прв од настаните кој ќе започне во 09:00 часот од Музеј на Град Скопје (Стара железничка станица) до Монопол - Империал Тобако ТКС.

По поворката, предвидени се свечени обраќања на претседателот Стево Пендаровски, вицепремиерот Фатмир Битиќи, Хамад Амар, претседател на парламентарната група за пријателство Израел-Северна Македонија, Ернест Херцог - Светски Еврејски Конгрес, Мариа Багдасарова - Европски Еврејски Конгрес и Пепо Леви, претседател на ЕЗРМ.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање