02 Мај, 2024
0.0278

Верушевски ќе добие 1,7 милиони денари отштета за притворот во „Пуч“

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Поранешниот разузнавач Зоран Верушевски ќе добие 1,7 милиони денари отштета за тоа што бил приморан да лежи притвор за предметот „Пуч“, одлучи Врховниот суд.

Делумно е усвоено неговото барање за ревизија на надоместокот на нематеријална штета за неоснованото лишување од слобода и нарушениот углед и чест и владиниот соработник треба од државата да добие по пет илјади денари за секој од 344 дена поминати во притвор во 2015 година 

-  Се задолжува тужениот Република Северна Македонија на тужителот Зоран Верушевски, на име нематеријална штета за претрпени душевни болки поради повреда на личните права - чест, углед и слобода поради неоправдано лишување од слобода - притвор, да му исплати паричен надоместок во износ од 1.720.000 денари, со законска казнена камата во висината на референтната стапка на НБ на РСМ што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за осум процентни поени, сметано од денот на пресудувањето - 26.05.2021 година, до конечната исплата, во рок од 15 дена по приемот на пресудата, се вели во пресудата на Врховнио суд.

Државата, исто така, се задолжува на Верушевски да му ги надомести парничните трошоци во постапката во вкупен износ од 227.642 денари.

Основниот суд Скопје на 20 јануари.2017 ја запре кривичната постапка поведена против Верушевски, а тоа го потврди на почетокот од 2018.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање