(ВИДЕО) ПОПЛАВИ: Во Далмација куќите се под вода
Објавено во: Балкан 09 Декември, 2020
Хрватска се соочува со поплави.
Големи поплави има во Далмација, при што куќите се под вода.
Поплавени се Каштелите и Трогир. Нивото на морето денес е за неколку десетици сантиметри над нормалното, пишува „Далмација денес“.
Градот Вргорац, во Сплитско-далматинската Жупанија, е поплавен по обилните дождови, како и околината.
Патиштата се под вода во Вргорац, а загрозени се и куќите, ситуацијата се влошува од час во час, а врнежите се најавени и во наредните денови.
Минатата недела исто така имаше поплави во делови од Хрватска.
Улиците во Сплит потсетуваа на Венеција. Тога наврнаа 120 литри дожд на метар квадратен површина за 24 часа.И на 3 октомври годинава имаше невреме со силен ветер кој уриваше се пред себе.