08 Мај, 2024
0.0259

КОЈ ЈА КАЖУВА ВИСТИНАТА: ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се кошкаат околу СЈО и двојазичноста

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Двајцата донеодамнешни партнери во Владата ВМРО ДПМНЕ и ДУИ на виделина ги вадат несогласувањата и се обидуваат да ја збунат јавноста.

И двете партии се со различни тврдења во однос на неуспешните преговори за формирање на Влада.

Партиите на Груевски и Ахмети се кошкаат околу кaмењата на кои се сопнале во преговарачкиот процес а тоа се СЈО и Законот за албански јазик.

Имено, од ВМРО ДПМНЕ негираат дека СЈО било причината за пропаднатата коалиција со ДУИ и тврдат дека неприфатлива точка за нив било барањето за двојазичност на целата територија.

Токму овој став го изнесе и синоќа пратеникот Антонио Милошоски  во емисијата „10 минути” на ТВ21 каде што рече дека преговорите пропаднале поради јазичното прашање , а не како што велат од ДУИ поради продолжувањето на мандатот на СЈО.

„Во преговорите 10 отсто беа посветени за мандатот на СЈО, 80 отсто за албанскиот јазик и 10 отсто за други теми…Преговорите главно пропаднаа поради јазичното прашање. Во однос на СЈО, двете партии се договорија дека не можат да се договорат, а ниту ДУИ не инсистираше толку колку што го прикажува тоа во јавност“, потенцира Милошоски кој покрај ова негираше дека ВМРО ДПМНЕ и дале на ДУИ писмени гаранции за нешто.

Наспроти овие тврдења, Рафиз Алити од ДУИ вчера за Телма рече дека ДУИ добиле писмен документ и од ВМРО ДПМНЕ .

Според Алити писмениот документ бил прочитан на  Централното претседателство и тој вели дека ВМРО ДПМНЕ се согласиле и ги прифатиле сите барања на ДУИ освен продолжувањето на мандатот на СЈО што било и главна причина за непостигнување на договор.

Од ВМРО ДПМНЕ неколку пати соопштуваа дека двојазичноста била проблем за нив.

Можеби ќе ве интересира

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија