ВМРО-ДПМНЕ подготвува амандмани за Законот за јазици, велат има бројни пропусти
Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2018
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се враќаат во собраниските клупи, но само за расправа за Законот за јазиците. Потпретседателот на партијата, Митко Јанчев соопшти дека се подготвуваат низа амандмани кои ќе бидат поднесени.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Законот има бројни пропусти и затоа е несфатливо неконструктивното однесување на СДСМ и одбивањето на предлозите да се формираат работни групи составени од претставници на сите парламентарни групи во Собранието на Република Македонија, со вклучување на експертска и стручна јавност од Правните факултети во државата, претставник од кабинетот на Претседателот на Републиката и од МАНУ.
„Сигурни сме дека ваквата дебата ќе придонесеше за подигнување на довербата и демократската атмосфера кои ќе резултираа со отстранување на неуставните елементи на овој закон за јазици“- вели Јанчев.
ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека Законот ќе предизвика долгорочни последици за државата и граѓаните.