01 Мај, 2024
0.0279

ВМРО-ДПМНЕ: СДС делуваат антиуставно и противзаконски

Објавено во: Македонија 05 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Зоран Заев и СДС делуваат антиуставно и противзаконски и затоа одговорност мора да има.

Во партиското соопштение наведуваат дека  Заев направи правен и политички преседан со што отвори можност во иднина, на незаконски начин да се гласа двојазичноста, албанските банкноти, двојазичните униформи, геноцидот и сите елементи од Тиранската платформа, без да се почитува волјата на народот.

„Криминалецот Зоран Заев во еден ден ги направи Македонците и Бугари и Срби, и покажа како планира да ја витка кичмата на Македонецот во иднина. Криминалецот Зоран Заев се претвори во маша на Еди Рама и Хашим Тачи и станува закана по безбедноста во целиот регион. Криминалецот Зоран Заев со својата непресметливост предизвика меѓународен скандал и ги влоши билатералните односи на Република Македонија со Република Србија, за што уследија низа реакции на највисоките државни претставници од таа земја. Криминалецот Зоран Заев со својата непресметливост ја доведува во опасност Република Македонија, нејзината меѓународна репутација и односи со други држави. Граѓаните се згрозени и гневни од ваквиот дилетантизам на криминалецот Заев и СДС. Граѓаните се постизборно измамени и бараат одговорност и нови парламентарни избори“ - додаваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Додаваат дека Заев и СДС не можат да одат спротивно на народната волја, а СДС мора да го слушне гласот на народот.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски