01 Мај, 2024
0.0794

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ ја погази демократијата, Заев нареди да се пука во народот

Објавено во: Македонија 01 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

„СДС уште еднаш докажа дека не го интересира ниту народот, ниту државата. СДС за да дојде до власт не само што ја прифати Тиранската Платформа туку грубо го прекрши Уставот, законот и Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија“, пишува во партиската реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
„На 27-ми април СДС ја силуваше волјата на граѓаните и го оневозможи правото на дискусија на нивните демократски избраници и надвор од сите процедури се обиде да си избере спикер на Тиранската платформа.

Криминалецот Зоран Заев издаваше наредби за да се пука во Собранието на Република Македонија. Издаваше наредби да се пука во македонскиот народ, народ кој си ги брани државните и националните интереси. За ова криминалецот Зоран Заев мора да одговара.

Македонската јавност во последниот период е сведок како криминогениот СДС се обидува во најкраток можен рок да ја прошверцува Тиранската Платформа, не бирајќи начин и не размислувајќи на можните последици.

Криминогениот СДС изврши обид за државен удар, преку газење на Уставот, законите и Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија. СДС ја погази демократијата со обидот нелегално да го прогласи Талат Џафери за Претседател на Собранието на Република Македонија. СДС мора да одговара, бидејќи политичко насилство што го изврши резултираше и со физичко насилство.

Време е СДС да се освести и да сфати дека народот нема по никоја цена да дозволи да се продадат државните и националните интереси. СДС треба да сфати дека народот си ја сака својата земја и нема да тргува со неа.

Тиранската платформа нема да помине“, пишува во партиското соопштение на ВМРО ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски