01 Мај, 2024
0.0283

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со изборот на Џафери отворија опасни правни преседани

Објавено во: Македонија 06 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ и натаму ја обвинува СДСМ за прекршување на Уставот, деловникот и законите при изборот на Талат Џафери за нов собраниски претседател, но нема критики кон на пример ДУИ за истата акција. Сега главната грижа на ВМРО-ДПМНЕ е дека ќе се создаде правна криза и во иднина потенцијално нови опасни преседани.

„Заев и СДС покрај политичката криза ја втурнаа Република Македонија и во правна криза. Создадоа правни преседани со кои што во иднина се отвора можност за незаконско гласање на двојазичноста, двојазични банкноти и униформи, геноцид и сите останати елементи од тиранскатапПлатформа, без притоа да се почитува волјата на граѓаните. Заев и СДС четврти ден молчат за албанските знамиња во кабинетот на нелегално избраниот од нивна страна претседател на Собранието, исто како што молчеа и стоеја кога се пееше химната на албанската држава во македонскиот законодавен дом“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, граѓаните се чувствуваат постизборно измамени и не сакаат Република Македонија да се претвори во бинационална држава, со сите елементи од тиранската платформа, туку сакаат економски просперитет и технолошки прогрес, велат од партијата која сега е во парламентарна опозиција.


Можеби ќе ве интересира

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Повторно телефонски измами во Охрид

Повторно телефонски измами во Охрид