02 Мај, 2024
0.0283

Во суперинтресен натпревар, Голден Арт забележа нов триумф во суперлигата

Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Втор триумф во низа за Голден Арт во суперлигата. Во шестото коло момците од скопската населба Аеродром беа подобри од градскиот ривал, Јуниор КВ со резултат 36:34 (18:15). Како што и се очекуваше, гостите од Кисела Вода на денешниот натпревар беа незгоден противник, кој стрпливо ја чекаше шансата против поширокиот ростер на играчи на домашниот тим. По почетното водство на гостите од 2:3 и 4:5, Голден Арт ја презеде иницијативата и од минута во минута, најпрво го израмни а во последните десетина минути и создаде пристојна разлика од три погодоци. 

Вториот дел, резултатски, беше комплетно израмнет, а позитивата која ја имаше домашниот тим, на неколку пати ја зголеми и на четири погодоци. Одличната одбрана на домашните, која на овој натпревар не беше поддржана од домашните голмани, надополнета со одличната партија на Ивица Илиев како лидер во нападот, но и реализаторски расположениот Мице Шилегов, го одржуваше Голден Арт на сигурна разлика, за конечен триумф и нови важни бодови. Илиев со 12 и Шилегов со го предводеа нападот на Голден Арт на овој натпревар.

Следниот викенд во суперлигата ќе има пауза, поради ЕХФ недела на нашиот национален тим, а во следното коло гостуваме во Кавадарци, кај екипата на Тиквеш.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање