30 Април, 2024
0.0327

За МАТТО изборот на Фатмир Битиќи е добро решение, но бара слобода на движење на бизнисмените

Објавено во: Економија 20 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Откако вчера беше објавени имињата на новите министри, Ајдован Адемовски од Стопанска комора Македонија - Турција, го поздрави изборот на Фатмир Битиќи за вицепремиер за економски прашања  како добро решение, но побара од новата Влада да се заложи да има олеснувања при движењето на бизнисмените во регионот.

Адемовски вели дека ова е неопходно бидејќи на ним им е потребна мобилност за да ги задржат бизнисите. Членките на МАТТО апелираат до новата влада да се либерализира движењето на деловната заедница во рамки на ЦЕФТА.

Од таму велат дека трговската размена со земјите-членки на ЦЕФТА е падната за 26 проценти, а интересот за инвестирање без слободно движење се намалува. Адемовски вели дека владите од ЦЕФТА можат самостојно да се договорат и на деловните луѓе да им овозможат слободно движење низ регионот.

– Ги поддржуваме напорите на Владата за зачувување на јавното здравје и за одржувaње на бизнисите. Но, сакаме и да предочиме дека во првата половина од годината трговската размена со ЕУ падна за 26 отсто, со Германија која е наш прв трговски партнер за 31,7 проценти, додека со земјите-членки на ЦЕФТА за 26 отсто, сметано во американски долари. Евидентна е рецесијата условена со планетарното намалување на побарувачката, падот на индустриското производство и на продуктивноста поради заштитните мерки, но и поради попречувањето на движењето. Ценам дека ситуацијата со пандемијата е прав момент да почнат да се носат регионални економски политики, заеднички одлуки, но и нивно спроведување. Сведоци сме дека во сѐ има политика, па и во регулирање на режимот на движење – вели  Адемоски.

Бизнисменот вели дека доколку се договорат регионалните лидери, во интерес на економијата и приватниот сектор, олеснувањето на движењето на деловни луѓе во ЦЕФТА ќе помогне да се обноват деловните односи.


Можеби ќе ве интересира

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво