01 Мај, 2024
0.0323

Заев - Зениер: Иванов веднаш да ги одблокира процесите и да го даде мандатот

Објавено во: Македонија 09 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, денеска на средбата со генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Зениер кажа дека интерес на граѓаните и државата е да се формира Влада согласно изразената мнозинска волја и да се врати нормалното функционирање на државата. 

Заев смета дека е потребно Иванов веднаш да ги одблокира процесите, да ја смени својата неуставна одлука и да го даде мандатот за формирање на влада.

„Мнозинската волја на граѓаните на Република Македонија изразена на изборите е загрозена од уставната криза што ја предизвика Ѓорѓе Иванов со одлуката да не го даде мандатот за формирање Влада и покрај обезбеденото мнозинство од 67 пратеници во Собранието за кои гласаа околу 700.000 граѓани. Ваквото продлабочување на политичката криза е со цел да му се остави простор на Никола Груевски, кој преку провокации и насилства се обидува да спречи мирен транфер на власта“- вели  Заев.

Тој рече дека е јасна определбата на СДСМ и граѓаните за промени, правда и нови економски политики што ќе придонесат кон добар животен стандард и дека е тоа возможно само со нова реформска Влада посветена на граѓаните и на евро-атлантската интеграција на земјата.

Вели дека заедништвото и граѓанскиот концепт за коишто се определиле граѓаните се огромна придобивка што ја води земјата напред и ја гарантира унитарноста на Република Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски