05 Мај, 2024
0.0262

Жбогар: Македонија треба да одбере независен и професионален јавен обвинител

Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Според евроамбасадорот Самуел Жбогар при изборот на наследник на јавниот обвнител Марко Зврлевски најмногу внимание треба да се посвети на неговата професионалност, кредибилност и независност за реформите во правосудството да имаа полн ефект.

„Самата цел на сите реформи кои ЕУ ги бара од вашата земја е департизација и деполитизација на самото судство. Прашањето за именување на новиот државен обинител е прашање за кое Собранието на вашата земја треба да одлучи дали ќе избере нов државен обвинител. Ако Собранието одлучи да назначи нов државен обвинител, ние како ЕУ искрено се надеваме и очекуваме таа личост да биде независна, високо професионална, со авторитет како и со кредибилитет за да може да ја води таквата институција“. – изјави Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ

Околу итните реформски приоритети, Жбогар рече дека ЕУ и натаму ќе сугерира Владата да се ангажира за нивно спроведување.

„Што се однесува на Владата никогаш не сме спомнале дека септември е крајниот рок до кога Владата треба да ги испорача овие реформи. Ние зборуваме за следните неколку месеци. Потоа ќе имаме во предвид дека треба да се соочиме и со покмпликувани прашања кои изискуваат далеку повеќе време за решавање, а тоа е владеењто на правото и судството генерално. Ние како ЕУ и како меѓународна заедница во изминатите неколку дена забележуваме дека во земјата луѓето како да чувствуваат некое олеснување.Олеснување кое доаѓа како резултат на тоа дека кризата е заврешена. Мислиме на реформи кои треба да се спроведат за да имаме независно судство кое ќе ги третира граѓаните еднакво. На тие реформи мислиме за да можат и граѓаните да ги почуствуваат и кога ќе бидат предмет на инспекции дека нема да бидат казнети поради ред причини“. – вели Жбогар

Високи претставници на Европската унија во наредниот период ќе ја посетат Македонија со цел да се разговара за реформскиот процес во повеќе јавни сфери.


Можеби ќе ве интересира

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден