09 Мај, 2024
0.0318

Здрава е, но и скапа за повеќето граѓани – имаме ли навика да купуваме бамја?

Објавено во: Економија, Агробизнис 30 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Во Македонија годинава и бамјата има повисока цена за разлика од лани и претходните години.

Трајче Ангелов, трговец од Штип смета дека луѓето помалку ја купуваат од порано, затоа што според него, цената од 300 до 350 денари за граѓаните е проблем.

„Во Штип има неколку производители на бамја, ја садат, но народот послабо ја купува поради цената“, вели тој.

Прилепчанка раскажува дека бамјата кај нив ја бараат, затоа што малку ја има годинава, како и многу други производи, а цената е висока.

„Јас лично би дала 300 или 350 денари за килограм бамја, но за некого веројатно е скапо. Порано ја садев, имам печка за сушење на зеленчук, па ја користев сушена, конзервирана или замрзната. Сега сум во години и веќе ми е тешко да ја произведувам“, вели жена од Прилеп.

Љупчо Ефремоски од Прилеп веќе 20 години произведува и продава бамја.

„Имам редовни муштерии, постарите ја купуваат, а младите од 20 или 30 години не знаат што е тоа, ме прашуваат на пазар да не е боранија. Цената е 200 денари за килограм. Во Скопје сигурно е полесно за продажба,  Прилеп е помал, нема толку многу луѓе“, рече Ефремоски.

Марија Кочовска од Битола вели дека нејзиниот родител произведувал бамја неколку години, и тоа по 100 килограми на годишно ниво, но сега прекинале, затоа што поради климатските промени не успева како порано. Со исти проблеми се соочуваат и другите луѓе кои садат бамја. Дел од растенијата се уништени од неповолните временски услови.

„Имавме мали површини со бамја. Интересот за бамјата зависи од регион до регион. Во Битола имаше интерес од постарите градски семејства, а помладите не ја бараат. Можам да кажам дека 95 отсто од купувачите беа од Битола“, рече Кочовска.

Сепак, има и граѓани кои се свесни за здравствените бенефити од бамјата и ја користат редовно.

„Јас многу сакам бамја. Купив два килограми деновиве, на пазарите ја има. На еден пазар во Скопје, на 4-5 тезги ќе најдете бамји, по цена од 200 денари за килограм свежите, а оние кои се малку овенати се поевтини. Садев бамја претходно, така што постојано си раѓа, а плодовите се берат додека се млади. Во Турција не прават манџа без бамја, многу е здрава“, вели Надежда Трајановска од Скопје.

Бамјата е богата со витамините Ц и К, но и на магнезиум и витамин А. Бамјите се добри за имуниот систем и здравјето на коските, тие се погодна храна за дијабетичари, за слабеење, за бремени жени и се храна добра за одржување на здравиот вид. Антиоксидантите од бамјата се покажале и како добри за здравјето на мозокот. Во Африка и Азија бамјата се употребувала уште пред 3.000 години. За разлика од пред 10 години, сега во светот за 25 отсто се зголемило производството на бамјата. Индија, Нигерија, Мали, Судан  се едни од најголемите производители на бамја во светот.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/bowonpat

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?