05 Мај, 2024
0.0250

ЖЕНИТЕ ГО КРЕНАА СВОЈОТ ГЛАС ПРОТИВ ВЛАДИКАТА ПЕТАР: Секогаш изнесува ретроградни ставови, бараме Синодот на МПЦ да го расчини

Објавено во: Македонија 19 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Платформата за родова еднаквост, независна и неформална мрежа на македонски граѓански организации за женски права составена од 28 организации и мрежи кои здружено делуваат во насока на унапредување на родовата еднаквост во Република Македонија, длабоко се загрижени од неодамнешната изјава на владиката Петар во врска со правата на жените и нивната положба во современото општество. 

„Иако го почитуваме неговото право на сопствени мислења и верувања, не можеме да прифатиме дека феминизмот е опасна и деструктивна идеологија. Родовата рамноправност е основно човеково право кое е вградено во меѓународната правна рамка и е од суштинско значење за создавање на еднакво општество. Жените и девојките ширум светот и понатаму се соочуваат со системска дискриминација и маргинализација, а феминистичкото движење, предводено од жени и сојузници, има клучна улога во оспорувањето на штетните родови норми, преку застапувањето за родова еднаквост“, се вели во соопштението од платформата за Родова еднаквост. .

Натаму, како што пишуваат оттаму, изјавите како онаа на Владиката Петар единствено служат за овековечување на штетните родови стереотипи и ја зајакнуваат дискриминацијата на жените. Со сугерирањето дека жените кои ги бараат своите права треба да бидат подготвени да извршуваат повеќе должности, владиката Петар во суштина тврди дека жените треба да бидат казнети затоа што се залагаат за сопствените права. Ова не само што е длабоко неправедно, туку е и спротивно на принципите на еднаквост и правда што сите ние се стремиме да ги почитуваме.

„Бараме Поглаварот на МПЦ ОА г.г.Стефан и Светиот Архиерејски Синод на МПЦ ОА-Јустинијана да го разреши г.Петар од должноста Митрополит и негово целосно расчинување заради повреда на Уставот на Република Северна Македонија и повреда на основните човекови права и слободи.

Ова барање произлегува од непоправливоста на Митрополитот Петар во своето однесување, со кое произнесува ретроградни и антицивилизациски ставови кои се спротивни на христијанството како религија.

Воедно бараме да се активира Одлуката на САС на МПЦ за расчинување на Митрополитот г.Петар донесена од Синодот под претседателсво на г.г. Гаврил која е извршна и е стапена во сила на денот на донесувањето 14 јуни 1990 година.

Би сакале да го потсетиме Владиката Петар дека правата на жените се човекови права и дека феминизмот и борбата за рамноправност на жените и еднакви можности е клучна за создавање праведно општество. Наместо да го осудуваме феминистичкото движење и да го обвинуваме за општествени прашања, треба да работиме заедно кон креирање на општество кое ја прифаќа различноста, промовира рамноправност и обезбедува прстап кон еднакви можности за сите поединци“, се вели во соопштението од Платформата за родова еднаквост.

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?