04 Мај, 2024
0.0261

Зошто „Макошпед“ плати пола милион евра за грст акции во „Фершпед“ ?

Објавено во: Економија 18 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

„Макошпед“ во два наврати, за 20 дена, плати половина милион евра за помалку од 4 отсто од акциите на „Фершпед“ и овие вложувања ги направи во услови кога неговите приходи од продажба паѓаат. Зошто менаџментот одобрува „Макошпед“ да купува акции во „Фершпед“? Од каде пари за овие вложувања во компанија што три години наназад не поделила дивиденда? Зошто„Макошпед“ вшмукува се што на пазарот ќе се понуди како акција на „Фершпед“? Зошто „Макошпед“ од 19 јуни до 12 јули потроши 900.000 евра за сопствени акциии за акции во „Фершпед“?



Скопската шпедитерска компанија „Макошпед“ купи над 1,3 отсто акции во „Фершпед“ и за тоа плати 10,8 милиони евра, покажуваат официјалните податоци објавени на Македонската берза и на ЦДХВ што ги компарираше „Фактор.мк“.

Имено, на 12 јули во блок трансакција беа истргувани 235 акции во „Фершпед“ поцена од 44.500 денари за акција. Истиот ден во класично тргување се истргуваауште 6 акции по цена од 47.000 до 48.000 денари за акција. На 10 јули бешеистргувана уште една акција на „Фершпед“. Вкупно 242 акции. Во период од еднанедела стекот на акции кои „Макошпед“ ги поседува во „Фершпед“ се зголеми занад 1,3 отсто од 7,4 отсто на 10 јули на 8,78 отсто на 17 јули годинава. Од 17јули „Макошпед“ стана трет по големина акционер по браќата Накови, кои своите акции ги наследија од Штерјо Наков долгогодишниот директор на „Фершпед“.

Достапните податоци на берзата покажуваат дека во периодот од 10 до 17 јули сите истргувани акции на „Фершпед“ ги купил „Макошпед“.Сигурно дека многумина мали акционери си го поставуваат прашањето зошто менаџментот на „Макошпед“ одобрува купување акции во „Фершпед“ со пари од „Макошпед“. Во последниве дваесетина дена „Макошпед“ купи акции во „Фершпед“ во два наврати. Прво тоа се случи на 21 јули во блок трансакција кога беа купени 449 акции во „Фершпед“ по цена од 45.958 денари за акција. Повеќе на следниот линк.

Од втората половина на јуни досега „Макошпед“ станува главен „ликвидити провајдер“ за акцијата на „Фершпед“ затоа што откупува се што ќе се појави во блок и вокласично тргување. Зошто? Одговор на ова прашање нема.

„Фактор.мк“ во интерес на малите акционери во „Макошпед“ и на целата инвеститорска јавност до членовите на Одборот на директори на „Макошпед“: Марија Каранфиловиќ, генерален директор, Лидија Трајковиќ, претседател на Одборот на директори и членовите Коста Младеноски, Никола Лазаров и Јасмина Цветановска ги постави следниве прашања:

- Кој е врвниот приоритет од кој се водите при одлуките со пари на компанијата „Макошпед“ да купувате акции во „Фершпед“ и тоа во услови кои приходите од продажба и добивката не оставаат комотна позиција расположливите средства да ги вложувате во акции на компанија која три години не поделила ниту дивиденда?

- Дали имате одобрение од акционерите на компанијата да вложувате пари на „Макошпед“ во акции на „Фершпед“?

- Од кои финансиски извори „Макошпед“ одвои околу половина милион евра за да во два наврати купите 3,9 отсто од акциите во „Фершпед“?

- Од кои финансиски средства „Макошпед“ одвои 400.000 евра за да плати 48.606 акции кои ги купи од Никола Лазаров, членот на Одборот на директори?

-Дали „Макошпед“ може да го издржи трошењето средства во толкави износи со кои купивте сопствени акции и акции во „Фершпед“ и дали ќе продолжите да купувате акции во „Фершпед“ и ако продолжи кој е стратешкиот интерес за тоа?

На Лазаров му го поставивме и следново прашање: - Чувствуватели морална одговорност зашто на „Макошпед“ му продадовте акции по цена од 495 денари во период кога тие акции се тргуваа и по цена пониска од 200 денари за акција ?

Уште колку„Макошпед“ ќе може да издржи купувајќи акции?

„Макошпед“, во јуни,за два дена плати 44,66 милиони денари односно 724.000 евра за акции. Прво купи сопствени акции од својот член на управен одбор, а потоа и купи акции во„Фершпед“. За потсетување „Макошпед“ плати 495 денари за секоја купена акција од Никола Лазаров, неговиот акционер и член на Одбор на директори иако во истиот период друга фирма голем акционер продаде свои акции во „Макошпед“ по цена од 185 денари за акција! Со ова Лазаров оствари добивка од 338 денари затоа што акциите што сега ги продаде за 495 денари ги купи во март по цена од157 денари за акција. Дали инструментот „сопствен откуп“ кој е предвиден во ЗТД за заштита на друштвото од обиди за непријателско превземање компании и ценовни манипулации овој пат се употреби правилно? Повеќе на следниот линк 

Веднаш потоа „Макошпед“ купи 449 акции во „Фершпед“ за кои плати над 20 милиони денари и сега на 12 јули плати уште 10,8 милиони денари за акции во „Фершпед“ Со ова вкупното вложување на „Макошпед“ во сопствени акции и во акции на „Фершпед“ за пократко од еден месец изнесува 900.000 евра. Повеќе за „Макошпед“ на следниот линк

„Фактор“ своевремено и навремено достави прашања и до најголемиот акционер скопската фирма „Ултимус“за случувањата во „Макошпед“, но од комапнијата не добивме одговор на прашањата.

Големата мајска чистка во Одборот на директори во„Макошпед“

Тектонската промена во„Макошпед“ започна на последното акционерско собрание на 20 мај кога од старата постава на Одборот на директори „преживеа“ само Коста Младеноски. На другите тројца членови на Одборот Бобек Шуклев, Перо Моцан и на Вера Ивановска им беше констатиран престанок на мандатот поради истек на период од 4 години. Новите сили кои беа избрани на таа седница беа: Никола Лазаров, Марија Каранфиловиќ која два дена потоа стана и генерален директор т.е. извршен член и Јасмина Цветановска. На Младеновски му беше доверен уште еден четиригодишен мандат како член на Одборот на директори.

Неполни два месеци потоа „Макошпед“ купи акции за 900.000 евра од кои дел се сопствени акции и дел се акции во „Фершпед“.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски