06 Мај, 2024
0.0247

Д-р Катарина Ставриќ: Како децата да ги примаат потребните витамини лесно и без одбивност

Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Внесувањето витамини за децата е императив посебно во зимските месеци кога на организмот му е потребно дополнително потхранување со состојки кои го засилуваат имунитетот. Витамините посебно А, од групата Б, витаминот Д, исклучително важен во овој период, како и витаминот Е покрај примарната функција во одредени процеси во организмот, своја улога имаат и во целосното јакнење на имуниот систем.

Но, за јакнење на имунитетот покрај витамините, имунолозите и педијатрите препорачуваат исхрана богата со минерали и нутриенси, со акцент на протеини и калциум, заради нивниот вкупен заеднички придонес кон отпорноста на организмот кон болести и инфекции.

Овошјето и зеленчукот како најдобар извор на витамини и минерали, не се постојано достапни, а покрај тоа треба да се консумираат во поголеми количини за да бидат задоволени потребите на организмот. Исто така, кај некои деца постои отпорност кон овошје и зеленчук, па затоа алтернатива се млеката со збогатен, витамински состав како што е Битолското млеко со 10 витамини.

“Најдобар начин за примање на потребните витамини е преку храната, и производи збогатени со витамини. Со секојдневно внесување на разновидна храна се обезбедуваат потребните хранливи материи, витамини и минерали кои се неопходни за правилен раст и развој на детето. При тоа се обезбедува максимална искористливост на истите и нема опасност од преголемо внесување на одредени витамини” вели педијатар имунолог, д-р Катарина Ставриќ.

Докторите посебно го издвојуваат значењето на минералот калциум и неговата улога во зацврстувањето на коските, но, според нив потребно е да се внесуваат секојдневно и во големи количини за да се обезбеди потребната доза калциум која инаку се обезбедува и со една чаша млеко.

“Млекото е најдобар извор на калциум затоа што е во форма која лесно ја апсорбира телото, а збогатените млека со витамин Д, дополнително ги задоволуваат дневните потреби и од овој витамин. Улогата, пак, на витаминот Д е подобрување на ресорпцијата на калциумот и фосфорот од млекото и ја одржува соодветна нивната концентрација во крвта. Со тоа се обезбедува нормално окоснување на коските. Калциумот е посебно важен кај детскиот организам кој интензивно расте во првите години на живот, но и покасно особено во периодот на пубертет”, додава д-р Ставриќ.

Улогата на млекото во формирањето на младиот организам е неспорна, и затоа потребно е да се консумира континуирано. Иако децата сакаат да пијат млеко, сепак како дополнителен стимул за примање на потребните дози од витамини, калциум, протеини, фосфор, е Битолското чоколадно млеко со десет витамини, коешто ги поседува потребните хранливи состојки и го снабдува детскиот организам со тоа што му е потребно за правилен раст и развој.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува