18 Мај, 2024
0.0283

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

Објавено во: Македонија 05 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

ПОЛИТИЧАРИТЕ НА ВЕЛИГДЕН ПОВИКАА НА СПЛОТЕНОСТ

Претседателот Стево Пендаровски го честита големиот христијански празник Велигден на верниците. 

„Враќајќи ни ја надежта во општото добро, овој празник нѐ потсетува дека сме си потребни едни на други и дека сме одговорни едни за други. Следејќи го Христовиот пример, да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество во кое ќе има место за секого бидејќи, секој човек, независно од етничката, верската, јазичната, социјалната, политичката или која било друга припадност – е наш ближен“, пишува Пендаровски во честитката. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека Христовото Воскресение му покажа на човекот колку Бог го сака, и дека беше спремен да биде распнат за спасението на човештвото. 

„Љубовта на Бога кон човека е неизмерна. Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи, човековата волја, љубов и верба можат да допринесат за поубав свет. Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес. Промените кои доаѓаат да ги запечатиме со силна победа, за догодина да славиме Велигден со многу поголеми насмевки на задоволство како нација. Христос Воскресе! За многу години Велигден!, пишува Мицкоски во својата честитка.

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА 61 ПРАТЕНИК

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека не би се изненадил ако на изборите освојат 61 пратеник. 

Како што кажа Мицкоски, она што се случило во првиот круг од претседателските избори на 24 април е успех, а верува дека во среда ќе имаат убедлива двојна победа и очекува граѓаните масовно да излезат.

„Не би се изненадил ако имаме 61 пратеник. За мене неуспехот не е неуспех. За мене е успех пред се она што се случи во првиот круг“, вели Мицкоски.

АГИМ КРАСНИЧИ Е УАПСЕН НА КОСОВО

Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово. Тој четири години е во бегство, а по него имаше меѓународна потерница.

Полициски единици во петокот околу полноќ во Урошевац запреле „ауди“ со македонски регистарски таблици, при контрола и преглед на автомобилот биле пронајдени три пиштоли и муниција. Уапсени се македонски државјани. Приведени се Бесим Красниќи, Агим Красничи и Сеад Рамадани Цапи, објавија косовските медиуми.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“