14 Декември, 2025
0.0344

ЕВЕ КАКО НАЈДОБРО ДА ИЗВАДИТЕ ПАСОШ ПО ИТНА ПОСТАПКА: За околу 6.000 денари, пасошот го добивате за 48 часа!

Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2025 07:30

Добивај вести на Viber

Сезоната на летни одмори секогаш го зголемува интересот за вадење нови лични доументи, посебно патни исправи. За да извадите најбрзо пасош, потребно е да закажете и да нагласите дека сакате да извадите пасош по итна постапка.

На сајтот на Министерството за внатрешни работи наведено е што се ви е потребно за да извадите патна исправа по итна постапка.

Доколку вадите пасош за дете до 4 години, потребно е лично присуство на детето.

Извод на родените – може постар или фотокопија.

Присуство на родителот/родителите или старателот со важечка лична карта или друга јавна исправа за идентификација и да пополните барање.

Треба да уплатите 6.100,00 денари за образецот (уплатница или уплата преку ПОС терминал) и 100,00 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал)

Стариот пасош доколку е во важност треба да биде предаден на службениците.

Доколку пак вадите пасош за дете постаро од 4 и не постаро од 18 години, исто таа е потребно лично присуство на детето како и негов извод – може постар или фотокопија.

Присуство на родителот/родителите или старателот со важечка лична карта или друга јавна исправа за идентификација.

Исто така ќе би биде потребно пополнето барање и уплата на 6.100,00 денари за образецот (уплатница или уплата преку ПОС терминал). Во овој случај се уплаќаат 200,00 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал) и доолку стариот пасош е со важност, треба да се предаде на службеникот. 

За лица над 18 години а не постари од 27 години, потребно е лично присуство со важечка лична карта или друга јавна исправа за идентификација, барање, уплата на 6.100,00 денари за образецот (уплатница или уплата преку ПОС терминал) како и 200,00 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал). Стариот пасош доколку е во важност.

За сите постари од 27 гофини, важат истите услови, со тоа што административната такса за нив изнесува 300 денари. 

Патната исправа во итна постапка, се издава најдоцна во рок од 48 часа од часот на поднесувањето на барањето за издавање на пасош“, наведено е на страната на МВР.



Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово