Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Објавено во: Македонија 14 Декември, 2025 10:27
Повторно македонското небо е без радар, што најверојатно ќе трае до 11:30 часот, дознава Фактор од свои извори.
Бил испратен и мејл во кој М-НАВ вели дека ќе има менување на радарот и дека само истоварот ќе трае 30 минути.
„М-НАВ информира дека оваа недела, во недела на 14 декември, ќе се изврши замена на радарот на АТЦ КУЛАТА, при што кран ќе има пристап од нивниот паркинг, така што нема да има попречување на нашиот сервисен пат. Само за време на фазата на истовар ќе се затвори АТЦ за оперативни активности во времетраење од приближно 30 минути“, стои во мејлот до кој дојде Фактор.
Неработата на радарот значи дека сите авиони ќе имаат од прилика час и половина доцнење, како за слетување, така и за полетување. Дел од вработените брифираат дека се работи за нешто што е од големо значење за авиосообраќајот.
Единствениот функционален радар на скопскиот аеродром откажа во септември годинава, кога скопскиот аеродром остана без можноста повеќе авиони да слетуваат и полетуваат истовремено. Останува прашањето, дали и зошто не се остава стариот радар како втор, за во иднина да нема вакви случувања.
Александар Тодески
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот




